Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс
ЕКОНОМИЈА

Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс

Објавено January 24, 2026 14:54
Сподели
Сподели

„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали“, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед.

Во извештајот се бележи дека, во последниот квартал од 2025 година, централната банка изврши приспособување на оперативната монетарна рамка ставајќи поголем акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика. Овие промени ја потврдуваат посветеноста на Народната банка на ефективното спроведување на монетарната политика и на одржувањето на финансиската стабилност.

Во 2026 година, според оцената на „Стандард и Пурс“, се очекува дека инфлациските притисоци ќе се намалуваат, поткрепени од умереното движење на цените на храната, претпазливата поставеност на монетарната политика и поволната споредбена основа. Агенцијата заклучува дека согласно состојбите, на краток рок, Народната банка ќе продолжи со примена на внимателна монетарна политика, заради задржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

Во делот на банкарскиот сектор, Агенцијата ја оценува солвентноста како солидна, со адекватност на капиталот од 19,5% во третото тримесечје од 2025 година, додека квалитетот на активата и натаму е висок, со историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,3% од вкупните кредити. Овие показатели, според Агенцијата, ја потврдуваат отпорноста на банкарскиот систем.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ССМ на 28. јануари излегува на протест
Следна Статија Студенти во блокада продолжија со собирање потписи за вонредни избори во Белград

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цените на кафето Арабика паднаа на најниско ниво во последниот месец

Цените на кафето арабика паднаа на најниско ниво во последниот месец – 8 долари (6,8 евра) за килограм. Ова дојде…

September 20, 2025

Последен повик за Cyber Monday 2025: Live ажурирања од Amazon, Apple, Best Buy, Walmart и други

Добијте live ажурирања за продажбите на Cyber Monday додека се доближуваме до крајот. Пронајдовме последни шанси за заштеда од 1.000…

December 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?

Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?, пишува Кирил Миноски, екс министер за финансии. Во продолжение ставот на…

February 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Скопскиот аеродром со три милиони патници, станува центар во регионот

Три милиони патници на Скопскиот аеродром е историја, нешто што се случува првпат во Македонија, изјави денеска вицепремиерот и министер…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?