Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, само дијаспората да може да гласа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, само дијаспората да може да гласа
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, само дијаспората да може да гласа

Објавено July 7, 2026 14:22
Сподели
Сподели

Владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ достави до опозицијата отворена понуда со која се согласува да прифати кој било модел за Изборниот законик, доколку Левица, СДСМ и ДУИ успеат меѓусебно да усогласат пречистен текст.

По одржаната средба во Собранието околу Изборниот законик, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски јавно порача дека се подготвени да ги прифатат сите инкорпорирани детали, со еден клучен услов.

– „Сето тоа коешто ќе го договорат Левица, СДСМ, ДУИ и другите помали опозициски партии од аспект на финансирање, од аспект на изјаснување на дијаспората, од аспект на поплаките и од аспект на една изборна единица и сите детали кои се инкорпорирани, ние тоа ќе го прифатиме се додека биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го испочитува уставно загарантираното право и да може да гласа и да се изјаснува на избори“, истакна Стојаноски во изјавата за медиумите.

Владината коалиција смета дека целта е иселениците да можат да се изјаснат на многу помасовен начин отколку што тоа е овозможено со сегашното законско решение на терен.

Како модел за излез од сегашниот статус-кво во Собранието, Стојаноски побара опозициските партии да седнат на маса бидејќи веќе е очигледно дека нивните политички платформи се совпаѓаат во клучните насоки.

– „И ние понудивме вака – да седнат политичките партии коишто се дел од опозицијата, тоа се ДУИ, СДСМ, Левица, како и некои помали политички партии, и меѓу себе да се договорат за сите различности што ги имаат, отприлика четири клучни работи, бидејќи гледаме дека платформите им се исти, но се разликуваат во деталите“, потенцираше пратеникот.

Тој јасно ги мапираше четирите столбови каде опозицискиот блок мора да покаже усогласеност пред да го достави финалниот предлог-текст до парламентарното мнозинство.

– „Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на којшто тие би биле прифатливи, и да седнат и меѓу себе да се договорат дури и за моделот на изјаснување на дијаспората. Сето тоа коешто овие опозициски партии ќе го понудат до нас преку еден пречистен текст на закон, ние тоа ќе го прифатиме“, заклучи Стојановски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од први јули три нови лекови против згрутчување на крвта на позитивната листа
Следна Статија Нема гаранции дека некоја членка на ЕУ нема да блокира, кажа Марта Кос пред утрешната посета во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на, како што посочи исклучително добрите односи меѓу македонските граѓани и граѓаните на…

November 6, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: Дали со Британија е договорено отворање мигрантски кампови во Македонија

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да одговори дали за време на посетата…

October 23, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК: Одзив за Град Скопје до 18:30 часот е 46,64%

На денешното гласање на првиот круг од локалните избори право на глас на ниво на Град Скопје оствариле 46,64%. -Генералниоит…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска од Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари

Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават. А…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?