Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит
СВЕТ

Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит

Објавено October 1, 2025 19:33
Сподели
Сподели

Лекарите од странство, кои на Германија итно ѝ се потребни, наскоро, како што е планирано, ќе можат полесно да се вработат. Владата го усвои предлог-законот на министерката за здравство, Нина Варкен, кој треба да овозможи побрзо признавање на дипломите, пренесуваат медиумите во регионот.

За да се обезбеди здравствена заштита, покрај атрактивните услови за образование во Германија, потребни се и квалификувани експерти од странство, рече Варкен.

Постапките за тоа, додаде таа, треба да бидат униформни и дигитализирани.

Олеснувањата важат и за стоматолозите, фармацевтите, како и за акушерките, според министерството.

Варкен изјави дека побрзото признавање на дипломите не смее да биде на штета на високите стандарди за безбедност на пациентите и квалитетот на здравствената заштита.

Законот сè уште треба да биде одобрен од парламентот.

На крајот од минатата година имало 68.000 вработени странски лекари кои немаат германско државјанство, што е рекорд, според статистиката на Федералната лекарска комора.

Тоа е за 6,8 проценти повеќе отколку во 2023 година, анализираат медиумите.

Уделот на странски лекари се зголеми повеќе од двојно во последните 10 години. Вкупно, повеќе од 15 проценти од сите вработени лекари имаат странски пасоши, според написите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УТРЕ СЕ ВКЛУЧУВА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ Ниските температури ја поместија грејната сезона
Следна Статија Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

По четири години војна во Украина се надзира ли мирот?

Рускиот напад врз Украина во 2022 година беше почеток на најголемата војна во Европа по 1945 година. Утрото на 24…

February 24, 2026
СВЕТ

Кинески хакери упаднале во системите за прислушување на судовите во САД, објави Вол Стрит Журнал

Кинески хакери пристапиле до мрежите на американските провајдери и добиле информации преку системите што ги користи американската влада за овластено…

October 6, 2024

Северна Кореја изгради станбена четврт за семејства на загинати војници во Украина

Северна Кореја објави дека заврши станбена населба во Пјонгјанг за семејствата на војниците кои загинале додека се бореле заедно со…

February 17, 2026
СВЕТ

Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите

Спасена е жена која три дни седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?