Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Струјата поскапува за околу 5 отсто, ЕСМ понуди 65 евра за мегават
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Струјата поскапува за околу 5 отсто, ЕСМ понуди 65 евра за мегават
ЕКОНОМИЈА

Струјата поскапува за околу 5 отсто, ЕСМ понуди 65 евра за мегават

Објавено November 27, 2025 19:51
Сподели
Сподели

Струјата поскапува. Ова е речиси сигурно, откако државните електрани му понудија на ЕВН Хоум за безмалку 5% поскапа електрична енергија. Од 62 евра колку што чинеше досега, ЕСМ на универзалниот снабдувач отсега ќе му ја продава струјата по 65 евра за мегават час.

Ова е епилогот од тендерот на ЕВН Хоум, на кој понуда испрати единствено ЕСМ, која важи за целата идна година, за покривање на 100% од вкупно планираниуте количини.

„Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас. Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.“

Новата цена е утврдена на затворена седница на Владата. Пред два дена премиерот Мицкоски рече дека цената која што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот, ќе биде и негов предлог на Влада. Ако се знае дека овој параметар е најважниот при формирањето на конечната цена, а притоа се земат предвид изјавите на Регулаторна дека не очекуваат зголемување на цената на преносот и дистрибуцијата, се очекува граѓаните од 1 јануари да плаќаат за околу 4% поскапа струја. Сепак, од ЕВН Хоум потсетуваат дека крајната цена ја формираат и други параметри.

„Во крајната цена влегуваат цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.“

Од лани, цената на електричната енергија ја пресметува ЕВН Хоум, а Регулаторна само контролира и потврдува дали се точни пресметките. До крајот на месецов се очекува Регулаторна да ја соопшти цената за преносот и дистрибуцијата која се уште е под нејзина капа, но и новата цена на парното. Поскапувањето на струјата ќе биде нов удар по џебот на граѓаните, покрај секојдневните поскапувања на храната.

ТВ 24

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија ЦУК: Поради свлечиште загрозени се четири куќи во тетовското село Шипковица
Следна Статија Дизелот драстично поевтинува – ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Двојно поголема наплата: Рекордни 247 милиони денари од концесии

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг ‘ББ-

Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“, која го задржа кредитниот рејтинг…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нема договор за зголемување на минималната плата

На економско социјалниот совет не падна договор забпокачување на минималната плата. Првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов, вели дека на…

December 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сѐ помалку луѓе се возат со автобус, регистрира статистика

Државниот завод за статистика денес извести дека во вториот квартал од годинава, во патничкиот друмски сообраќај се транспортирани 10.007.000 патници.…

August 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?