Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тага во Италија по смртта на папата: Одложени сите натпревари во Серија А
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Тага во Италија по смртта на папата: Одложени сите натпревари во Серија А
СПОРТ

Тага во Италија по смртта на папата: Одложени сите натпревари во Серија А

Објавено April 21, 2025 12:09
Сподели
Сподели

По веста за смртта на папата Франциско, кој почина во утринските часови на 21 април 2025 година, италијанската фудбалска лига Серија А донесе одлука да ги одложи сите денешни натпревари, вклучително и натпреварите на Примавера 1, поради почит кон починатиот поглавар на Католичката црква, Хорхе Бергољо.

Одлуката се однесува на 33-то коло во Серија А, кое е одложено до понатамошно известување. Од Здружението велат дека овој потег го следи примерот од 2005 година, кога по смртта на папата Јован Павле Втори, исто така имаше прекин на спортските настани низ Италија.

Да потсетиме дека тогашниот претседател на Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ), Џовани Петручи, нареди суспензија на сите спортски натпреварувања, вклучително и натпреварите во Серија А, веднаш по објавувањето на веста за смртта на папата.

Голема е веројатноста овојпат сите натпревари да бидат презакажани, согласно календарот за натпреварување и обврските на клубовите.

Натпревари кои во моментов се одложени:

  • Торино – Удинезе
  • Каљари – Фиорентина
  • Џенова – Лацио
  • Парма – Јувентус

Се очекува Лигата во наредните денови да објави нови термини за овие натпревари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
Следна Статија Кина ги предупредува другите земји да не склучуваат трговски договори со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Рекордни 13.400 учесници од 55 земји ќе трчаат на јубилејниот 20. Скопски маратон

За јубилејниот 20. „Виз Ер Скопски маратон“ кој ќе се одржи на 6 октомври, во недела, се пријавени рекордни 13.400…

October 3, 2024
СПОРТ

На рагби се гризе, се шијат и конци

Олимпискиот шампион во рагби Масивеси Дакувака е суспендиран поради гризење на соиграч за образот. Дакувака го освои златото во Рио…

February 5, 2025
СПОРТ

(Видео) Јунајтед во нестварен натпревар го елиминира Лион

Манчестер јунајтед, Атлетик Билбао, Тотенхем и изборија пласман во полуфиналето во Лига Европа. Три од четирите натпревари останаа во сенка…

April 18, 2025
СПОРТ

Херојот од Палермо верува во ново чудо

Македонската фудбалска репрезентација втор ден во Скопје се подготвува за првиот плејоф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство.…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?