Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, да бидеме рационални и да не брзаме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Таравари: За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, да бидеме рационални и да не брзаме
ПОЛИТИКА

Таравари: За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, да бидеме рационални и да не брзаме

Објавено April 24, 2025 11:13
Сподели
Сподели

Премиерот формира Влада и тој одлучува дали Алијанса за Албанците треба да биде во Владата. Мислам дека треба, но ако тој смета дека не треба, ние немаме никаков проблем. Сепак, да бидеме рационални и да не брзаме, изјави Арбен Таравари прашан дали неговата партија ќе ја напушти Владата со евентуално излегување од коалицијата Вреди (Влен).

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Куманово денеска, министерот за здравство и лидер на крило на АА рече дека „не мора да значи“ напуштање на Владата ако неговата партија излезе од Вреди затоа што, рече, „владата ја прави премиерот“.

-Сум разговарал со премиерот и повторно ќе разговараме. Доколку тој смета дека Алијанса за Албанците не треба, ние немаме никаков проблем. Меѓутоа мислам дека АА во моментот треба. Но, ако донесат таква одлука, немаме никаков проблем. Не може никој друг да каже освен тој што формира Влада. Ќе видиме во следните денови, да не брзаме, треба да бидеме што порационални во овој период, изјави Таравари.

Смета дека во партиите партнери во коалицијата Вреди има емотивни реакции по неговата одлука АА на Локалните избори да има свои советнички листи. Како што рече, доколку тие се одлучни во тоа што го изјавуваат деновиве, неговата политичка партија ќе ги разгледа опциите за свои кандидати за градоначалници.

Одлучил АА да има сопствени советнички листи, како што рече, „исто како што одлучи и ЗНАМ да излезе со сопствени советнички листи, меѓутоа да има меѓусебна политичка поддршка со ВМРО-ДПМНЕ“.

-Исто и ние му понудивме на Влен – ние излегуваме со наши советнички листи, доколку се подготвени, тука сме. Јас гледам емотивни реакции од тоа што остана во Влен. Овој период треба да бидеме многу внимателни, многу умни и да се обидеме да бидеме што порационални бидејќи се работи за политика. Во овој период не сакам да давам прогнози или да предвидувам, гледам што пооправдано да донесуваме одлуки. На крајот на краиштата, доколку Влен се одлучни во тоа што го кажуваат во овие четири-пет дена, ние како политичка партија ќе ги видиме нашите опции за нашите кандидати за градоначалници, изјави Таравари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи
Следна Статија Која е Мира Мурати, Албанката што ја тресе Силиконската долина: Ја напушти „Опен АИ“, па создаде компанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ганиу исфрли ѓубре пред објектот на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон „Комунална хигиена”

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу вчера пред објектот на Град Скопје со група граѓани исфрлиле ѓубре и шут што…

May 29, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за Телма посочи дека власта свесно ги отвора вратите за изборни неправилности, бидејќи…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ објави имиња на кандидати за градоначалници во Кичево, Липково, Чашка, Студеничани и Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со…

August 5, 2025
ПОЛИТИКА

Митева: Поразот на СДС на локалните избори ќе им биде показател за потребната реформа и реорганизација

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?