Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција

Објавено March 26, 2025 11:13
Сподели
Сподели

Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени на домашно лекување. Во Клиничкиот центар се само четворица, двајца на Клиниката за пластична хирургија, двајца на Токсикологија, девет пациенти се во Градската болница „8 Септември“ од кои еден е за испис и во Систина се лекуваат четворица пациенти.  Бројот на пациенти кои се лекуваат во странство сега е 113, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Арбен Травари.

Таравари кажа дека пациентите кои се сместени во Систина се во стабилна состојба и дека во наредните денови ќе информираат кога ќе бидат пуштени дома. Пациентите, пак, кои се лекуваат во странство почнуваат постепено да се враќаат дома.

-За оние кои се лекуваа надвор од државата имаме добри вести. Денеска веќе не се бројка 116 туку 113 што се лекуваат. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Денеска се враќаат пет пациенти, четворица од Шпанија и еден од Грција, рече Таравари на прес-конференцијата. 

Во првите 24 часа по враќањето, како што е предвидено по протокол, оние пациенти што се враќаат во земјата ќе бидат сместени во некои од клиниките каде ќе треба да бидат под надзор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата го претресе домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“, одземени компјутери, мобилни телефони, документација…
Следна Статија Мустафа Имери е новиот директор на Македонската филхармонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова: Корисењето на владиниот авион во одредени случаи е порационално и поевтино решение

Користењето владин авион овозможува функционално извршување на државна работа, но е и поевтино од комерцијален лет, смета македонската претседателка Горданa…

February 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Владата ќе поддржи во наредните месец дена, преку јасни критериуми и јасен систем, ваучери во вредност од 250 евра за…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет

Се потврдуваат тезите дека барањето Бугарите да бидат во Уставот не е единственото барање што тие го имаат, туку комплетно…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски иницира изготвување стратегија на државата до 2050-тата, за да не исчезне Македонија

Oд кога почнав да се занимавам со политика тврдам – на македонското прашање му е потребна енергија и на Македонија…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?