Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Осудувам каков било напад, но ја повикувам Арсовска да не бега од МВР и од институциите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Осудувам каков било напад, но ја повикувам Арсовска да не бега од МВР и од институциите
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Осудувам каков било напад, но ја повикувам Арсовска да не бега од МВР и од институциите

Објавено July 11, 2025 22:32
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите.

Тој демантираше дека МВР не постапило по денешниот инцидент.

Не е точно дека МВР не презема дејствија и оти не постапува. За денешниот инцидент факт број еден – полиција кога е повикана да дојде на местото на настанот дошла. Факт број два – Арсовска по настанување на инцидентот била повикана да дојде во полициска станица, но не дошла. Во болница биле констатирани телесни повреди, црвенила од страна на стручно лице, на левата потколеница. Откако завршил прегледот во болница, таа се упатила повторно во полициска станица, по што полициски службеници отпочнале со полициски дејствија, И во меѓувреме контактирале јавен обвинител. Лицето кое што го навела како такво е приведено, е во полициска станица и плус други две лица кои вербално се заканувале, рече Тошковски.

Информира дека при составување на записникот и примање на пријавата од страна на Арсовска, како што посочи, таа станала и си заминала и не го потпишала записникот.

Повторно само на Фејсбук парадираме, на социјални мрежи, а притоа таа не го потпишала записникот. И сега се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад. Би ја замолил да не бега од МВР, од институциите. Изразувам длабоко жалење и осудувам било каков напад без оглед кој е нападнат во ситуацијава. Оосбено осудувам напад врз жена, особено ако таа жена е избрана на избори и застапува градоначалник. Но да не случајно, излезе на крајот, сето ова, да не е едно добро смислено сценарио за политички циркуз, каде што жртвата ќе биде токму оној кој сторил физички напад, бидејќи добивам некои такви информации, не знам, претпоставувам, наведе Тошковски.

На прашањето дека Арсовска тврди дека на местото на инцидентот имало полциски службеници и биле сведоци на нападот и дали МВР ќе утврдува какви дејности преземале, Тошковски рече дека во целост ќе се утврди фактичката состојба.

Не смееме да дозволиме никој да се чувствува небезбеден во Македонија, но и не смееме да дозволиме некој грубо да ја манипулира македонската јавност. Ова што се случи денеска од аспект на физичко насилство без оглед кој го презел, го осудувам и ќе бидат преземени сите дејствија во насока на расветлување. Доколку се утврди дека гледале и не презеле дејствија, ќе бидат спроведени во најбрза постапка. Јас се уште не сум видел ништо, но ме уверуваат дека фактичката состојба била многу поинаква од тоа што е презентирано досега во јавноста. Известен е и јавен обвинител, а оние за кои што градоначалничката трвди дека ја нападнале се моментално во полициска станица и се постапува по наредба на јавен обинител, потенцира Тошковски.

Тој се осврна и на претходните два случаја по кои е постапувано од страна на МВР по закани врз Арсовска.

Арсовска досега, во рамки на надлежностите на МВР има пријавено закана од полициски службеник којшто и се заканил на Фејсбук страницата. По таквата закана Одделот за внатрешна контрола по добиени сознанија ја бара градоначалничката на телефон и ја повикува да дојде во МВР. Таа не сака да дојде, по што полициски службеници одат во Град Скопје на 2 јули 2025 година. Градоначалничката се потпишува на записник каде што усно произнесува дека се чувстувала загрозено од страна на полициски службеник. На 3.07 Одделот за внатрешна конотрла доставува барање до Одделот за компјутерски криминал при што истиот ден Компјутерски криминал доставува одоговр до Внатрешна контрола дека има таков настан, дека имаат таква фактичка состојба констатирано. На 7.07 Одделот за внатрешна контрола поведува дисциплинска постапка против полициски службеник и ја известува Арсовска дека таква постапка е поведена, потсети Тошковски.

Запраша зошто градоначалничката ова не го обзнани на јавноста и не каже дека МВР во целост поистапило, информирајќи и за уште еден случај по пријава на Арсовска од 1 јуни годинава.

На 1 јуни е првата пријава за загрозување на сигурност од страна на Данела Арсовска каде што е обезбеден доказен материјал и е поднесена кривична пријава по член 144 од КЗ, значи и тука е постапено од страна на МВР, појасни Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарското МНР се налути на изјавата на Мицкоски за „глушецот“ Георгиев
Следна Статија Анкета: Мицкоски има поголем рејтинг од сите политичари заедно, ВМРО-ДПМНЕ четири пати подобра од СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот

Специјализираната платформа за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“ ги објави податоците од најновите мерења, и според нив, Скопје утрово е…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, одржа средба со делегацијата на Комисијата за надворешни работи, Дом на…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонски професор по географија избран за академик во Британија

Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, по потекло од Македонија, е избран за член на Академијата за општествени науки…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Македонија во тага, група дрифта пред Борис Трајковски и прави врева

Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ објави снимка од пред салата, каде што според него, се одржува настан за дрифтање…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?