Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трендафилов: Владата не е против зголемување плати, меѓутоа другите синдикати се против
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трендафилов: Владата не е против зголемување плати, меѓутоа другите синдикати се против
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Владата не е против зголемување плати, меѓутоа другите синдикати се против

Објавено April 9, 2025 17:36
Сподели
Сподели

Минималецот и растот на другите плати во фокусот на разговорите меѓу премиерот и синдикатите. Првиот човек на ССМ по состанокот рече дека работниците немаат проблем со Владата, туку со другите синдикати.

„Сите 128 илјади вработени во јавниот сектор во наредниот период треба да добијат зголемување на нивните плати. Меѓутоа, тоа што е лошо е што другите два синдикати кои учествуваа на состанокот бараат да се укинат одредбите од општиот колективен договор во процесот на растот на платите на вработените во јавниот сектор“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ

„Имаме една срамна одредба за покачување од само 0,7 проценти во јавниот сектор. Тоа беше во 2024 година септември. Знаете дека дента кога се потпишуваше тој општ колективен договор, баш поради тие причини ние протестиравме“ – Благоја Ралповски, претседател на КСС

Вработените во министерствата кои протестираа во јануари, наскоро ќе добијат додатоци од 30%. Премиерот денеска им рекол дека Владата е подготвена до почетокот на мај колективните договори да бидат потпишани.

„Тие 30% додатоци ќе ги добиеме на неколку рати, ако можам така да кажам, во рок од 4 години. Сите вработени во овие институции кои протестираа секој март да си добиваат усогласување на плата, дали ќе биде тоа со просечна или со минималната плата“ – Трпе Деаноски, претседател на синдикатот на УПОЗ

За растот на минималната плата на синдикатите им било кажано дека државата сега не е во можност да ги субвенционира придонесите, но прашањето останува отворено и доколку е подобра економската состојба може да се преговара и за тоа прашање.

Надлежната комисија наскоро треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатите, по што ќе биде свикан и економско-социјалниот совет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕК изгласа царини од 25 отсто за американските стоки
Следна Статија Утре протест за пресудата за Теодора, иницијативата „Кој е следен“ го достави првото барање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Последен ден од новогодишната кошница – Ќе се покачат ли цените на основните производи?

Денеска е последен ден од новогодишната кошничка, која од утре престанува да важи, а со тоа речиси 1,200 производи ќе…

January 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: На постојните девет авио дестинации, работиме да воведеме уште најмалку две до три нови линии

Работиме проект за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром, а исто така работиме на воведување на најмалку уште две…

January 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ: Намалување на цените на горивата

Од полноќ се намалуваат цените на горивата од еден до два денари. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

ССМ најавува протести доколку нема зголемување на минималната плата

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?