Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир
ХРОНИКА

Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир

Објавено June 5, 2025 08:50
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во опасност животот на уште двајца. Делото го извршиле пред фитнес клуб во Чаир, на 1 јуни во вечерните часови.

Инцидентот започнал како вербална расправија во која си разменувале навреди и пцовки, а продолжил и со физичка пресметка, па во еден момент првоосомничениот извадил нож со кој го прободел оштетениот во коленото, стомакот и градите. Повреди им биле нанесени и на другите двајца оштетени кои се обиделе да ги раздвојат и да му помогнат на прободениот.

Јавниот обвинител за сите тројца осомничени достави предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
Следна Статија ЕХФ конечно со одлука: Алкалоид е освојувач на Европскиот куп!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Повеќе од 900 жени годинава се жртви на семејно насилство

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките.…

November 26, 2025
ХРОНИКА

Хорор во кичевско: Маж со секира си ги нападнал родителите – таткото починал, мајката се бори за живот

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради…

May 11, 2025
ХРОНИКА

Штипјанецот кој ја уби мајка си имал 2,43 промили алкохол, ја прободел со ловечки нож во вратот

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело…

August 8, 2025
ХРОНИКА

Угостители работеле незаконски, тврди в.д. градоначалникот на Кочани кој им поднесе кривична пријава

Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?