Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата
ЗДРАВЈЕ

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Објавено June 29, 2025 15:47
Сподели
Сподели

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од државата, двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија, а втората група повредени на Пониква заминува од средина на јули, информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.

Во моментов, информациите околку пациентите кои се лекуваат во странство се дека се во стабилна здравствена состојба. Во нашата држава, беше посочено, во Клиничкиот центар на Пластична хирургија, има пациенти кои се таму заради длабочината на повредите, здравствено биле стабилни. Двајца пациенти се во приватната болница „Систина“. Редовно се следи состојбата на сите пациенти.

Во Пониква во моментов е првата група, при крај, таму со нив се и пет физиотерапевти кои работат по програми, специјалист физијатар и општ хирург. Таму младите сакаат да продолжат и понатаму, имаме барања од некои од нив да продолжат и со втората група. Втората група ќе биде упатена најверојатно од втората половина на јули, одговори Алиу.

Околу обвинувања на блиски на загинати во пожарот во Кочани, за несоодветен третман во болницата во Кочани и недостиг на соодветна опрема, веднаш по трагедијата, министерот рече дека истрагата од надлежните служби, би требало да даде одговор на многу прашања во врска со трагедијата. Откако бил министер, рече дека кочанската болница е меѓу топ приоритети и дека прават максимум во рамки на можностите за нејзино соодветно опремување. Дополни дека работна група континуирано работела на тоа.

Во врска со Онкологија, тој рече дека сега има терапија, а најави дека в понеделник ќе има средба со директорот, за да се види како може да се подобри таму состојбата што е можно побрзо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Данела го демантира Латас: Никогаш немале директен или индиректен контакт
Следна Статија Граѓаните протестираа против изградба на две мали хидроцентрали на Дошница – Не ја чепкајте природата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци

При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото…

June 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вака денес изгледа Азис: Раскина со дечкото, доби дете со најдобрата другарка

Бугарскиот пејач Азис ја фрли својата долгогодишна женска маска, целосно трансформирајќи го своето тело во теретана, а денес многумина ги…

February 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

„Немаме Центар за изгореници, а имаме сè што ни треба – освен волја“, вели д-р Добрила Андоновска

Поранешната раководителка и основачка на вториот Центар за изгореници во Македонија, д-р Добрила Андоновска, преку објава на социјалните мрежи потсети…

March 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Пронајдени се бактерии кај минерална вода увезена од Косово, ќе се „чешлаат“ и безалкохолните пијалаци

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?