Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен 33 годишник во Тетово, возел со 193 километри на час
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсен 33 годишник во Тетово, возел со 193 километри на час
ХРОНИКА

Уапсен 33 годишник во Тетово, возел со 193 километри на час

Објавено April 14, 2025 11:39
Сподели
Сподели

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци (ТЕ-67 и ГВ-61).

За време на контролата по член 297А – безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле лишени седум лица (ТЕ-5 и ГВ-2). На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, од слобода бил лишен М.Б.(47) од с.Челопек, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ровер“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 178 км/час на место каде што дозволената брзина е 100км/час.

На истото место од слобода била лишена Р.А.(42) од Тетово, која управувала патничко возило „пежо“  со тетовски регистарски таблички со брзина од 172 км/час. Исто така, кај наплатната станица Желино од слобода бил лишен А.А.(33) од с.Раковец, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 193 км/час.

На автопатот Скопје-Тетово, кај местото „Студена вода“ од слобода бил лишен В.З.(24) од с.Желино, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ауди“  со тетовски регистарски ознаки со брзина од 179 км/час на место каде што дозволената брзина е 100 км/час и С.Ш.(30) од Тетово затоа што управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 177 км/час.

Додека, на патот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, од слобода бил лишен А.М.(42) од Скопје затоа што управувал патничко возило ,,бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 171 км/час на место каде што е дозволено 80 км/час и Н.Б.(54) од Охрид затоа што управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски таблички со брзина од 165 км/час.

Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297а од Кривичниот законик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски во посета на Обединетите Арапски Емирати
Следна Статија „Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“, испратил порака таткото на Вања на нејзиниот телефон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

[ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО]: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе; Анима Мунди: „Со какви психопати сме опкружени“

Вчера во Скопје повторно имаше насилничко однесување и малтретирање животни. Човек со стап пред очевидци и со над 20 удари…

November 20, 2024
ХРОНИКА

Пожарникарите кога влегле во „Пулс“: Извлекувавме тела, паднати имаше и на скалите

Противпожарниот тим дојавата за пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја примил во 2:35 часот, а бил изгаснат околу 4…

February 5, 2026
ХРОНИКА

Запален автомобил на политичар во Битола, огнот зафатил уште две возила | ФОТО

Ноќеска на паркинг во Битола запалено е возило на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски. Огнот…

May 20, 2025
ХРОНИКА

Приведен скопјанец во Неготино по напад врз поранешната сопруга

На 29 август 2025 година во 09:50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 34-годишниот И.П.С. од…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?