Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите

Објавено November 20, 2025 16:25
Сподели
Сподели

Уставниот суд поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување, кој се однесува на линеарното зголемување на пензиите, со кое редовното месечно усогласување врз основа на порастот на платите и трошоците за живот се заменува со еднаква распределба на средствата за сите пензионери, без разлика на висината на пензијата, стажот или уплатениот придонес.

Уставниот суд денеска донесе времена мерка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас п

Постапувајќи по овој предмет на вчерашната седница,  на предлог на судијата-известител Добрила Кацарска, Судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалиското осигурување, објавен на 29.07.2025 година во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154/25.

Од Уставниот суд појаснуваат дека станува збор за одредба со која се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување), односно со оспорениот член 2  правото на редовно месечно усогласување на пензиите пресметките направени врз основ на порастот на плати и трошоци на живот се заменети со линеарна распределба на вкупниот износ на средства за сите прензионери подеднакво, без оглед на стекнатата и остварената висина на пензијата, стажот и уплатениот придонес.

Судот, како што стои во соопштението, го имал предвид фактот дека усогласувањето на пензиите е право на осигуреникот што му гарантира социјална сигурност во рамките на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се остварува и уставната гаранција за социјална сигурност на граѓаните.

Уставниот суд во оваа фаза од постапката изразил сомнеж дека оспорениот член 2  се нарушени уставните принципи за социјална праведност, еднаквост на граѓаните како и правната сигурност и легитимните очекувања како правни принципи. – Имено, се постави прашањето дали оспорената одредба продуцира дискриминација по основ на износот на пензија и нееднаквост помеѓу примателите на пензии, односно оние пензионери кои имале подолг работен стаж, повисоки уплати во пензискиот систем и повисока основица, добиваат помало зголемување на пензиите, наспроти пензионерите со пониските пензии, велат од Уставен.

Пензијата е стекнато имотно, индивидуално право и согласно член 30 од Уставот правото на сопственост е гарантирано и никому не може да му биде ограничено или одземено.  Следствено на ова, пред Уставниот суд основано е поставено прашањето дали со оспорената одредба се ограничува правото на сопственост на пензионерите со повисоки пензии.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур низ своите пресуди наведува дека за целите на членот 14 (забрана од дискриминација) од Европската конвенција за заштита на човековите права, разликата во третманот е дискриминирачка доколку „нема објективно и разумно оправдување”, односно ако не ја остварува „легитимната цел” или ако не постои „разумна врска на пропорционалноста помеѓу употребените средства и целта што треба да се реализира”.

Со поведувањето на постапка за оценување на уставноста на оспорениот член, Уставниот суд ќе испитува дали законското решение е оправдано и во доволна мера избалансирано.

Постапувајќи по овој предмет Судот ја отфрли иницијативата поднесена од страна на Тито Беличанец, Јадранка Мршиќ и Сузана Московска поради тоа што оспорените одредби(член 3 и член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување објавен на 18 септември 2024 година) се од темпорален карактер и повеќе не се дел од правниот промет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома
Следна Статија Адем Чучуљ највисоко оценет кандидат за раководење со ДКСК

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ССМ пред Собранието побара измени на Законот за минимална плата

 Учесниците на протестот за 1 Мај, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пред Собранието побараа од пратениците да…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

За владиниот Лирџет веќе нема резервни делови, тврди Томовски

Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветно летало, односно соодветен владин авион и не треба да се…

May 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија доби хаубици БОРАН (ВИДЕО)

Турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм минатата недела се испорачани во Македонија, а официјалната нивна промоција ќе…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски камион со муниција за Израел стигна во Грција: Работници ја блокираа пратката

Десетици членови на грчкиот синдикат на пристанишни работници го блокираа товарењето на контејнери со муниција за Израел во пристаништето Пиреја,…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?