Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП со рекордна наплата во јули: Наплатени 37,4 милиони евра повеќе од лани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП со рекордна наплата во јули: Наплатени 37,4 милиони евра повеќе од лани
ЕКОНОМИЈА

УЈП со рекордна наплата во јули: Наплатени 37,4 милиони евра повеќе од лани

Објавено August 4, 2025 18:44
Сподели
Сподели

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.

Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега. По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година.

Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.

Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници.

Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата. Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.

Успешната наплата и растот на приходите се резултат на заедничка одговорност – на институциите, даночните обврзници и професионалните сметководители. Управата за јавни приходи останува посветена на транспарентност, ефикасност и поддршка за доброволно усогласување. Заедно градиме стабилни јавни финансии и сигурна иднина за сите граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши против скандирањата во Куманово: Да застанеме заедно против омразата
Следна Статија На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките

За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочува дека…

September 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Wizz Air ја затвора својата база во Виена до март 2026 година

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air објави во среда дека ќе ја затвори својата база во Виена до март 2026 година,…

September 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Паѓа индустриското производство, а се намалува и бројот на работници

Индустриското производство во февруари годинава е намалено за 4,2 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на…

April 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Три големи инфраструктурни проекти пуштаме во употреба за неколку недели

За неколку недели пуштаме во употреба три големи капитални проекти. Првиот веќе го пуштивме во употреба, а тоа експресниот пат…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?