Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија
СПОРТ

Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија

Објавено April 5, 2025 10:58
Сподели
Сподели

Четврти пат по ред, Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на патеката Сузука, на трката за Големата награда на Јапонија.

Актуелниот светски првак до првата пол-позиција сезонава, дојде со совршен круг, најбрз во историјата на Сузука 1:26.983 минути. Ферстапен ја прекина доминацијата на Мекларен во квалификациите на претходните две трки, во Австралија и Кина.

Холанѓанецот за 12 илјадити делови од секундата го победи Ландо Норис од Мекларен, а од вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри беше побрз за 44 илјадити делови од секундата.

Шарл Леклер со своето Ферари ќе стартува од четвртото место, тој за 20 илјадити делови од секундата беше побрз од возачот на Мерцедес Џорџ Расел кој ќе стартува од петтото место. Тинејџерот, Андреа Кими Антонели трката ќе ја започне до тимскиот колега Расел.

Пласман во првите десет на стартот изборија Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Луис Хамилтон кој уште еднаш разочра во болидот на Ферари, Алекс Албон (Вилијамс) и Оливер Берман (Хас).

Трката за Големата награда на Јапонија, в недела ќе започне во седум часот по средноевропско време.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со кралот на Јордан, Абдула Втори
Следна Статија МВР со апел до граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки – веднаш да пријават во полиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ралф Шумахер лут поради односот кон неговиот брат Михаел: Ова е се што треба да знаете за Германија и нашите политичари

Поранешниот возач Ралф Шумахер луто реагираше откако градот Керпен кај Келн не му додели статус на почесен граѓанин на неговиот…

December 19, 2024
СПОРТ

Ноле брзаше да го заврши мечот пред полицискиот час во Лондон

Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не дозволи неговиот дуел против Александар Муле да влезе во нов ден и пред…

July 2, 2025
СПОРТ

Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар

Ракометниот клуб Алкалоид на домашен терен го победи РК Рунар Сандефјорд со 42:37 во првиот полуфинален натпревар од Европскиот Куп…

April 21, 2025
СПОРТ

Омерагиќ, Пандев и Ибраими дел од извлекувањето на распоредот за новата сезона во МФЛ

Со Горан Пандев и Агим Ибраими бевме дел од извлекувањето на распоредот на натпревари за новата сезона во #МФЛ. Голема…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?