Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фетаи до Ахмети: Лицемерно е да зборувате за достоинство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Фетаи до Ахмети: Лицемерно е да зборувате за достоинство
ПОЛИТИКА

Фетаи до Ахмети: Лицемерно е да зборувате за достоинство

Објавено April 21, 2025 09:08
Сподели
Сподели

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, остро реагираше ден по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој оцени дека само Арбен Таравари сфатил дека позициите на Албанците во Владата се понижувачки. Фетаи го обвини Ахмети за лицемерие и му порача дека тој „не е ничиј слуга“.

Ахмети рече дека Арбен Таравари разбрал оти Албанците во Владата го понижиле и девалвирале својот народ. Колку дрско лицемерие. Ахмети, јас не сум ничиј слуга. Чувајте го овој епитет за себе, вие кои посветено им служевте на антиалбанските сили и го легитимиравте секое злосторство врз Албанците“, напиша Фетаи на социјалните мрежи.

Тој постави и неколку директни прашања до Ахмети, обвинувајќи го за молк и неактивност во клучни моменти за албанската заедница.

„Каде бевте кога вашите министри уапсија мајка и ќерка Албанка лажно обвинети за исламистички тероризам? Дали некогаш сте проговориле кога државните структури убиваа албански патриоти? Дали кренавте прст кога толпи хулигани тепаа Албанци по улиците на нашите градови? Каде беше тогаш вашето достоинство?“, праша Фетаи.

Во неговата реакција, Фетаи го обвини лидерот на ДУИ дека ја прифатил агендата на ВМРО-ДПМНЕ и ги изневерил интересите на Албанците.

„Ти си тој што дозволи институциите финансирани од нашите даноци да ги навредуваат Албанците на национална основа. Ти си тој што прифати „Скопје 2014“ како национален проект и лавот на ВМРО-ДПМНЕ како илирски симбол. Замижувавте пред манипулациите со пописот. Испразнивте цели региони од Албанци. Никогаш во историјата немало поголемо понижување, повеќе предавство и мизерија отколку за време на вашето мрачно владеење“, порача Фетаи.

Според него, ДУИ единствено успеала во „збогатување на тесен круг луѓе“, додека народот, како што рече, останал да страда.

„Албанците не забораваат. Албанците не простуваат. Вашиот проблем е сметката – и таа ви тропа на врата“, заврши Фетаи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ:Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 килограми небезбедна храна
Следна Статија Почина папата Франциск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски, рече на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ,…

November 30, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети најави протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК обвинети во Хаг за воени злосторства

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети соопшти дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК на…

December 4, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат власт

СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат…

December 28, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: Дали со Британија е договорено отворање мигрантски кампови во Македонија

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да одговори дали за време на посетата…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?