Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

Објавено August 26, 2025 12:56
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија, инфалцијата руши рекорди, платите стагнираат, граѓаните се се посиромашни, посочува претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Филипче нагласува дека власта го прекина системот на континуирано зголемување на платите што го воведе СДСМ и ги доведе граѓаните до раб на преживување.

„Пред еден од најтешките месеци во годината, граѓаните се соочени со суровата економска реалност- сè е поскапено, а платите стагнираат. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија. Ја прекинаа спиралата на раст на платите што ја започна СДСМ. Инфлацијата од 4,8% секој месец го јаде животниот стандард, граѓаните живеат полошо. Синдикалната потрошувачка кошничка за август изнесува над 65.000 денари. Дури и две минимални плати не се доволни за да се преживее месецот“, вели Филипче.

Тој посочува дека фактот што растот на реалната нето плата која ја мери куповната моќ на граѓаните е помал од пред една година е доволен показател за последиците од погрешните политики на владата.

Мицкоски се фали со бројки и проценти за наводен раст на платите. Вистината е дека реалната плата, онаа што навистина значи нешто за секое семејство во јуни порасна само 3,8%, за разлика од лани со економските политики на СДСМ растот беше 11%. За прв пат по долго време, имаме пад на просечната плата во споредба со претходниот месец. Ова е аларм што не смее да се игнорира“, вели Филипче.

Во објавата тој нагласува дека Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност, но дека СДСМ нема да отстапи од предлозите за заштита и подобрување на животниот стандард.

„СДСМ знае како да ја врати стабилноста и достоинството на граѓаните. Нема да отстапиме од предлозите за покачување на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на 500 евра, намалување на цените преку укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Битката за поголем приход е битка за достоинствен живот“, додаде Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Славески: Напори за инфлација под три проценти, охрабрувачки сигнали од Владата
Следна Статија Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

За руските пранкери Заев е најглупавиот политичар, крал на нивните шеги

Зоран Заев поранешниот прмеиер кој успеа „да падне“ на пранкерите Вован и Лексус мислејќи дека зборува со Грета и Порошенко,…

December 4, 2024
ПОЛИТИКА

Гаши на мејл добил закана по живот

Заканувачка порака, во која се вели дека „ќе има бесење и колење на сѐ бугарско, фашистичко“ и дека ќе влезат…

February 19, 2025
ПОЛИТИКА

Со што е уценет Таравари, па како млада невеста постојано ја прекинува свадбата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, постојано ја менува приказната како што му одговара, па двапати влезе…

August 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ДУИ сака да ја дефокусира јавноста, да го заштити криминално стекнатиот капитал

Владата нема да дозволи дефокусирање на јавноста од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), која сака да го заштити…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?