Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Хрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
ЕКОНОМИЈА

Хрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено September 1, 2025 17:25
Сподели
Сподели

Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека по добивање на сите потребни одобренија од Народната банка, г-ѓа Хрисула Кутуди е назначена за Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Г-ѓа Кутуди е признат банкарски професионалец со над 30 години искуство, од кои најголемиот дел во рамки на НБГ Групацијата. Нејзината кариера е обележана со врвни резултати, признанија за иновативност во 2022 и 2024 година, како и исклучително лидерство во областа на дигиталната трансформација и развојот на нови банкарски услуги.

Во Стопанска банка таа доаѓа од позицијата Помошник генерален директор за специјализирани решенија – банкарство на мало во НБГ Групацијата, каде што беше посветена на унапредување на производи, дигитални алатки и канали, како и на развој на стратешки партнерства и концепти за вградено банкарство (embedded banking). Има значајно искуство и во управување со тимови во областа на корпоративно банкарство, наплата, кредитна анализа и проектно финансирање.

Назначувањето на г-ѓа Кутуди доаѓа во период кога Стопанска банка АД – Скопје, поддржана од Групацијата, забрзано инвестира во дигитална трансформација, развој на иновативни решенија и континуиран раст на своите човечки ресурси. Со нејзиниот ангажман и со искуството на новите членови на Управниот одбор, Банката значително го зајакнува својот тим и капацитети.

Во подготовката за преземање на новата функција, Кутуди веќе се запозна со македонскиот банкарски пазар, со Стопанска банка и тимот вработени, вклучувајќи се активно во тековните процеси на трансформација.

“Чест ми е да ја преземам оваа одговорна функција, свесна за значењето на Стопанска банка како институција со најдолга традиција на македонскиот банкарски пазар и како столб во НБГ Групацијата. Импресионирана сум од тимот на професионалци чии резултати и визија се одлична основа за понатамошен развој. Ќе продолжиме да вложуваме во знаење, иновации и во вредностите кои ја дефинираат Банката, со јасна цел: да одговориме на потребите на клиентите, бизнис секторот и заедницата” – изјави г-ѓа Кутуди.

Со назначувањето на г-ѓа Кутуди, во сила стапува оставката на г. Диомидис Николетопулос, кој ја извршуваше функцијата Генерален извршен директор на Банката од 2013 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стапија на сила нови правила за одобрување возила
Следна Статија Скопјанка нападната и ограбена од поранешниот партнер додека била на работното место

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Секвоја капитал инвестира во Антропик, кршејќи ризичен капитал табу

Секвоја капитал се придружува на голема инвестициска рунда за Антропик, стартап за вештачка интелигенција зад Claude

January 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната…

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

УЈП ќе спроведува засилени контроли кај такси превозот

Како што најавуваат од УЈП, контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во…

July 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?