Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на нафтата на светските берзи стабилни – околу 61 долар за барел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на нафтата на светските берзи стабилни – околу 61 долар за барел
ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата на светските берзи стабилни – околу 61 долар за барел

Објавено October 21, 2025 19:58
Сподели
Сподели

Цените на нафтата денеска останаа близу до нивото од 61 долар за барел на меѓународните пазари, што навестува ублажување на геополитичките тензии и прогноза на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) за суфицит на понудата почнувајќи од следната година.

На лондонскиот пазар, цената на барел попладнево беше повисока за 32 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 61,33 долари. За речиси иста сума, барелот поевтини на американскиот пазар, каде што се тргуваше за 57,85 долари.

На крајот на минатата недела трговците беа загрижени од прогнозите за суфицит на понудата најдоцна до почетокот на следната година.

Вишокот во 2026 година би можел да достигне речиси четири милиони барели дневно, бидејќи понудата се зголемува, а побарувачката останува пригушена, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) минатата недела во својот редовен месечен извештај.

Во септември, Кина го намали увозот на нафта на 11,5 милиони барели дневно, што е најниско ниво од јануари. Кинеските рафинерии го забрзуваат темпото на рафинирање, што го намалува резервниот капацитет за увоз и за складирање.

Пазарите беа донекаде смирени од знаците за ублажување на геополитичките тензии.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека очекува да финализира „многу добар трговски договор“ со својот кинески колега Си Џинпинг, но отворените прашања за царините и пристапот до технологијата сè уште не се решени, а проблем е и „зачепениот“ синџир на снабдување.

Во наредните недели, Трамп има намера да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, ублажувајќи ги стравувањата од проблеми со набавката на руска нафта.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Моторен чамец превезувал 2, 4 тони кокаин кај Мадеира
Следна Статија Сијарто: Унгарија ќе ја оспори одлуката на ЕУ за забрана на снабдувањето со руски гас пред Европскиот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Невработени, студенти, ученици и пензионери, ќе можат да бидат ангажирани без губење на веќе стекнати права

Се очекува формализација на 17.400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера,…

January 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ако минималната плата се зголеми без економска поткрепа, ќе бидат отпуштени многу работници, вели Дурмиши

Минималната плата се утврдува според економскиот прогрес, порастот на продуктивноста и нивото на трошоците за живот. Министерот за економија и…

September 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Некои од маркетите водат политичка борба со Владата, вели Мицкоски

Владата донесе одлука. Дали некому таа му се допаѓа или не му се допаѓа, таа одлука е резултат на сите…

February 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на становите во Скопје продолжува да расте

Становите и останатите недвижнини поскапија за 8% во третиот квартал од годинава, покажуваат податоците на Народната банка. Цените на недвижнините…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?