Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф
ХРОНИКА

ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф

Објавено April 6, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Денска, во 13.15 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, е добиена пријава за изгубено лице на планината Кожув, во близина на местото Мрежичко.

Лицето било планинар од Скопје, кој претходната ноќ ја преспал во планината, но поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубил ориентација и решил да побара помош од службите, извести ЦУК.

Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), беа известени СВР Велес, ОВР Кавадарци, Гранична Полиција „ЈУГ“ Итна Служба, како и Општина Кавадарци и градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев.

Во 14 часот, лице од општината во Кавадарци кое го познавало теренот, стапило во контакт со залутаното лице и по кратко време го пронашол и со теренско возило го однел до безбедна куќарка во близината каде што бил згрижен,

Потоа од страна на граничната полиција “ЈУГ“ лицето е транспортирано до градот. Оваа брза и координирана интервенција резултираше со успешно пронаоѓање на лицето, благодарение на тимскиот пристап и професионалноста на службите во Системот за управување со кризи (СУК). Особен придонес, со личниот ангажман и вклученост во потрагата, даде градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, како и со ангажирање на локални ресурси и ефикасна координација меѓу институциите“, велат од ЦУК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 68 лица остануваат да се лекуваат во странство – еден пациент испишан од Љубљана
Следна Статија Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е со јасна визија за младите, наш приоритет е реализација на многу проекти од суштинско значење за младите луѓе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсени три лица осомничени за подметнување на пожарот во Прилеп

Лишени од слобода три лица во Прилеп за предизвикување на општа опасност по чл.288 од кривичен Законик На 25.09.2025 во…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Избегнат поголем инцидент на протестот во Аеродром: Алкохолизирано лице со електричен тротинет влетало во толпа граѓани

За време на вчерашниот протест во скопската општина Аеродром се случил сериозен инцидент кога лице во алкохолизирана состојба со електричен…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Утре наутро продолжува потрагата по 16-годишното дете во Вардар

Потрагата по исчезнатото 16-годишно дете во реката Вардар е привремено прекината поради лоши услови за претрага во текот на ноќта.…

July 24, 2025
ХРОНИКА

За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор

Вкупно 50 и пол години затвор добија шестмина членови на криминалната група Грчец, уапсени во јануари минатата година, од кои…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?