Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова: За Кочани мора да има неселективна правда, сите да бидат опфатени со истрагата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова: За Кочани мора да има неселективна правда, сите да бидат опфатени со истрагата
ПОЛИТИКА

Шукова: За Кочани мора да има неселективна правда, сите да бидат опфатени со истрагата

Објавено April 10, 2025 22:07
Сподели
Сподели

Мора да има неселективна правда за Кочани, треба да се опфатат и сегашни функционери, коишто во моментот на случување на овој трагичен настан ги извршуваа функциите во Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедноста дали е тоа во Кочани, дали во Штип. Сметане дека истрагата треба да се прошири, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Шукова нагласи дека е невообичаено прво да не бидат повикани и истражени оние коие се во моментот директно надлежни за безбедноста на државата, за безбедноста на објектот, за безбедноста на младите кои таа вечер биле во објектот.

-Ние не сакаме да го политизираме овој случај, жално и трагично е да се политизира вакво нешто, меѓутоа сакаме да видиме дека навистина ќе бидат опфатени и оние коишто во моментот на трагедијата, ги извршуваме своите обврски, а не само оние кои тоа го работеле пред година две или три, рече Шукова.

Во врска со Анкетната комисија за трагедијата во Кочани, Шукова рече дека СДСМ остава простор на истрагата, која треба да биде неселективна и да ги опфати сите оние коишто треба да бидат дел од истрагата.

Анкетната комисија останува како механизам којшто и пружа на јавноста дополнителни информации и се истражува што се случува со овој трагичен настан во Кочани, но не треба да оди во погрешна насока и треба да во даден момент да се употреби, рече Шукова, додавајќи дека се потврди како ДПМНЕ ја злоупотребиваше Анкетната комисија во минатотот со криење извештаи во случајот со Онкологија.

-Не треба на таков начин да се злоупотребува анкетната комисија, да се кријат документи, јавноста е запознаена со случајот со пратеничката Мизрахи. Таа демантираше, но претседателот Филипче покажа дека документите биле уредно доставени таму каде што требале, а не биде земени предвид, рече потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Цариник отвори куфер на жена пред ќерката – па „пропаднаа во земја“ од срам
Следна Статија Партизанска три часа беше блокирана по верижниот судир кај „Влајко“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме со покачување од октомвриската плата

Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме…

October 14, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Постои тајна коалиција меѓу ДУИ и Левица

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва, на првиот митинг во рамките на предизборната кампања за локалните избори се…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Андоновска: Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски?

Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашањето од Митко Трајчулески од СДСМ, за неисполнетите…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?