Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Објавено October 15, 2025 13:49
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки образовен систем, а за да го создаде, вели дека ќе почне од инфраструктурата.

„Во периодот што е пред нас ќе ја промениме сликата на образованието во Скопје. Во соработка со Владата ќе изградиме две нови современи средни училишта. Едното во Драчево, тоа е нова училишна зграда за средното училиште ‘Браќа Миладиновци’ и другото во Ѓорче, нов објект за училиштето ‘Кочо Рацин’. Тоа ќе бидат модерни, дигитализирани и енергетски ефикасни објекти“, рече Ѓорѓиевски.

Секое училиште Ѓорѓиевски вели дека ќе добие фотоволтаци, нови фасади, термоизолација, паметни системи за следење на потрошувачката, брз интернет во секој училница, паметни табли, проектори и дигитални содржини создадени од наставници и студенти, прочистувачи на воздухот, климатизација и греење, а безбедноста во училиштата ќе ја гарантира преку програми за превенција на насилство, ангажман на училишни полицајци, видеонадзор и едукации за ученици и за родители.

Во програмата за средношколците на Ѓорѓиевски предвиден е и бесплатен оброк за средношколците и наградно патување во Европа за првенците на генерација.

„Со програмата ‘Младински оброк’ ќе обезбедиме субвенциониран оброк за секој средношколец преку картичката ‘Скопје сити гоу’. Ќе воведеме модерни униформи што ќе бидат креирани заедно со средношколците и ќе поттикнуваат еднаквост и достоинство за секој од нив. Воведуваме и бесплатно патување во Европа за првенците на генерација. Девојчињата ќе имаат обезбедени хигиенски производи во училиштата, а за секој ученик обезбедуваме пристап до психолошка поддршка од стручни лица“, вети Ѓорѓиевски.

Со помош на вештачката интелигенција Ѓорѓиевски планира воведување дигитален асистент за секој ученик, кој ќе ги објаснува лекциите и ќе ги заменува, како што рече, скапите приватни часови. Во неколку училишта најави формирање лаборатории за вештачка интелигенција со 3Д-модели и интерактивни симулации, кои наставата ќе ја направат привлечна, динамична и блиска до новите генерации.

Во рамките на програмата за ученици Ѓорѓиевски планира и рестартирање на Планетариумот во МКЦ за кој вели дека ќе стане центар за наука, култура и технологија, каде што децата за астрономијата ќе учат со љубопитност и науката повторно ќе биде достапна, разбирлива и, пред сè, возбудлива за младите.

Во програмата има и училишни младински клубови за уметност, музика, театар и технологија, кои како кариерни центри ќе помагаат во изборот на професијата и понатамошното образование и ќе соработуваат со универзитетите и со фондациите

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Или си со СДСМ или не си!“ порака од Филипче до Црвенковски по објавените фотографии со градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и со кандидатка од ЗНАМ
Следна Статија ДЗСИ: Парична казна за д-р Игор Кузмановски за работа со необновена лекарска лиценца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат, мора да работиме на демографијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци кој е во рамки на кампањата за локалните избори која…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Се јави Ахмети: Ако излезам на улица, враќање нема

Доколку екс министерот за економија Крешник Бектеши се најде на обвинетлна клупа за катастрофалнолиот пожар во импровизирана дискотека „Пулс“ во…

May 2, 2025
ПОЛИТИКА

Касами против Дехари: Дали ги омекна ставовите за Кичево откако Мицкоски го “искара“?

Билал Касами од ВЛЕН во интервју за Алсат ја коментираше реакција на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата изјава…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот. Ова е коментарот што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го даде во врска со…

December 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?