Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јавните научни и високообразовни установи добиваат пари за научно истражувачки проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јавните научни и високообразовни установи добиваат пари за научно истражувачки проекти
МАКЕДОНИЈА

Јавните научни и високообразовни установи добиваат пари за научно истражувачки проекти

Објавено July 19, 2025 17:48
Сподели
Сподели

Науката добива зголемена поддршка од Владата. Преку два јавни повика, Министерството за образование и наука распредели над 54 милиони денари на јавните научни установи за реализација на научно – истражувачки проекти, како и на високообразовните установи кои во соработка со бизнис заедницата спроведуваат проекти од посебен научен и јавен интерес што се во корелација со целите на Стратегијата за паметна специјализација на Македонија.

Со 23,7 милиони денари ќе се финансира реализацијата на осум проекти со кои осумте самостојни јавни научни установи, односно институти аплицираа на објавениот повик на МОН за доделување на средства за поддршка на нивната дејност, која е од висок стратешки и национален интерес за државата. Конкурсните услови предвидоа доделување до три милиони денари по проект, а резултатите се објавени на следниот линк.

Додека, пет научно-истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес кои се резултат на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната специјализација на државата ќе се финансираат со 30,4 милиони денари. Конкурсот кој за оваа намена беше објавен, предвиде распределба на средства во висина до најмногу 8 милиони денари по проект, а резултатите се објавени тука.

Министерството информира дека дополнително ќе бидат објавени и резултатите од третиот јавен повик кој е дел од програмата за поддршка на научно – истражувачката дејност во Македонија за 2025 година, преку кој ќе се финансираат иновативни проекти на државните универзитети, факултети, научни институти и Македонската академија на науките и уметностите. Секој прифатен проект ќе добие до 8 милиони денари.

Буџетот за наука во 2025 изнесува 680 милиони денари, што е речиси двојно зголемување споредбено со буџетот од 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Го запреле за контрола, а тој со тврд предмет го скршил стаклото на полициското возило
Следна Статија ЦУК: Пожарот во Желино е ставен под контрола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Седум амбасадори ќе бидат разрешени од функцијата, Сиљановска-Давкова потпиша укази за нивно отповикување

Укази за отповикување на седум амбасадори од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беа објавени во последниот број на Службен весник,…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година

Транспарентно и целосно да се објави документацијата поврзана со работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани од 2012 година до денес,…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот

Денеска испраќаме силна и недвосмислена порака дека чекориме напред, од систем кој со децении беше запоставуван, кон современо одржливо и…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура

Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски е новиот експресен пат Чатал…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?