Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јавното обвинителството контра ДУИ: Ниту еден обвинител не се повлече од истрагата за Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јавното обвинителството контра ДУИ: Ниту еден обвинител не се повлече од истрагата за Кочани
МАКЕДОНИЈА

Јавното обвинителството контра ДУИ: Ниту еден обвинител не се повлече од истрагата за Кочани

Објавено April 17, 2025 12:37
Сподели
Сподели

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација на кривичните дела за осомничените, реагира Јавното обвинителство на наводите што ги изнесе опозициската ДУИ.

„Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија“, соопшти Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека не се повлекол обвинител ниту од тимот обвинители од основните јавни обвинителства што ги истражуваат причините за пожарот, ниту од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција  кое врши истрага за полициските службеници.

ДУИ утрово со драматично соопштение предупреди за политички притисок во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Всушност, на опозициската партија најголем проблем ѝ е што нејзиниот член Крешник Бектеши, кој е осомнилен во истрагата, и натаму останува во притвор.

„ДУИ со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот – под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта. Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество. Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бекташи, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда. Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација“, соопшти ДУИ.

Тимот на обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани е составен од 11 јавни обвинители.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Во Дубаи ги преставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори
Следна Статија 62. жртва по пожарот во Кочани, почина пациент кој се лекуваше во Белград

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Груби кукавички избега, имаме индиции дека се наоѓа во регионот, мора да се соочи со правдата

Потерницата е испратена, и сега треба државите кои што се наши партнери да дадат одговор каде е Артан Груби. Јас…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјани повеќе од 24 часа без вода – „Водовод“ требало да обезбедат цистерни

Повеќе делови од Скопје вчера околу 15 часа останаа без вода. Како што најавија од скопски Водовод поради поврзување на…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИС згасна по 33 години: Струмица остана без телевизиски медиум

По три децении постоење, регионалната телевизија Канал ВИС од Струмица ги затвори своите врати, оставајќи го градот без единствената телевизија…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за членовите на Судски Совет: Образ ѓон – уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2%

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?