Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јасно е дека светот влезе во многу турбулентна фаза, речиси никаде не сме безбедни, рече Сиљановска-Давкова по Акаба процесот во Софија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јасно е дека светот влезе во многу турбулентна фаза, речиси никаде не сме безбедни, рече Сиљановска-Давкова по Акаба процесот во Софија
МАКЕДОНИЈА

Јасно е дека светот влезе во многу турбулентна фаза, речиси никаде не сме безбедни, рече Сиљановска-Давкова по Акаба процесот во Софија

Објавено April 4, 2025 18:15
Сподели
Сподели

Пораките се и слични и различни, во зависност од амбиентот и регионот, меѓутоа јасно е дека светот влезе во многу турбулентна фаза, дека слободата тешко може да се оствари во услови на опасност по безбедноста, речиси никаде не сме безбедни, изјави Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.

Како што јави известувачот на МИА од Софија, посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Сиљановска Давкова иницијативата ја оцени како „извонреден чекор“, посочувајќи дека во случајот Акаба процесот бил концентриран на безбедноста во регионов и споделените мислење и ставови биле дека, уште во „времето на распаѓањето на Југославија се појавиле радикални, екстремни поединици, групи, дури и цели движења“, и оти тоа денеска, „постои во европски рамки и на исток“.

Причините се повеќе, причините меѓу останатото се во коренот во фактот што се појавија т.н. пропаднати држави и ќе се појавуваат пропаднати држави, држави во кои луѓето не можат да обезбедат пристоен живот и сиот живот го собираат во една торба и тргнуваат во непознатото. Тргаат, преку Балканот и кон Европа, изјави Сиљановска Давкова.

Според Сиљановска Давкова, допрва ќе се појавуваат проблемите со водата, со храната, и тие ќе се продлабочуваат, и затоа, како што рече потребна е заедничка акција, бидјеќи проблемот е во тоа што понекогаш или веќе секогаш, механизмите кои што ги употребуваат екстремистите, радикалите, терористите, понекогаш се пософистицирани и од они што ги имаат државите или организациите.

Јас ги опишав состојбите во нашиот регион. Тие се и слични и различни. Кога велам различни мислам на фактот што ние имаме многу повратници на Балканот од боиштата. Некои од нив се задоени со ИСИЛ идеологијата, тоа е нешто со што треба внимателно да се постапува, ама кога е организирано, еве како овде, тогаш имате еден духовен конфорт, дека заедно сме, ќе продолжиме и понатаму. Тука, нема никаква поделба, изјави Сиљановска Давкова.

Ваквите процеси на радикализација, екстремизам, тероризам, според Сиљановска Давкова, се подеднакво опасни и треба да се бориме со сите, бидејќи опасна е селективната правда.

Она што јас го посочив е дека ние и правно реагиравме, бидејќи се санкционира учеството во странски војски, паравоени формации и слично. Понатаму се создадоа органи, кои што се занимават со ова. Се разменуваат информации, но што е најважното. Тоа беше, мојата завршна реч, дека понекогаш погрешно го употребуваме зборот фундаментализам и го врзуваме само за исламот. Всушност, дека отсуството на почитувањето на фундаменталните вредности присутни во секоја религија, доведуваат до вакви појави и вакви процеси и дека треба да ги мериме зборовите, треба да ги соединиме активностите и дека, ако ги учиме младите уште од основно училиште дека во сите религии, основни се тие вредности за мир, за почит, за помош, се виде тоа и во случајот на нашата трагедија, односно катастрофа, тогаш ќе може светот да живее мирно и дека е многу важно различните групи да соработуваат и живеат заедно. Паралелните светови создават и ги продлабочуваат разликите и ги потенцираат предрасудите. Кога живееме заедно гледаме дека многу сме слични, изјави Сиљановска Давкова.

Македонската претседателка говорeше и на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите“.

Форумот „Акаба процес за Балканот III“ е продолжение на претходните состаноци на оваа тема, одржани во рамките на иницијативата – во 2016 година во Акаба, Јордан и во 2018 година во Тирана, Албанија.

Целта на форумот во Софија е државните лидери од Југоисточна Европа, заедно со претставници на влади, институции и партнери на „Процесот Акаба“, да ја анализираат безбедносната архитектура на Балканот, да разговараат за регионалните механизми за размена на информации и да ги координираат напорите во борбата против илегалната миграција, тероризмот, радикализацијата и екстремизмот.

„Процесот Акаба“ е серија меѓународни состаноци за првпат иницирани од кралот Абдула Втори во 2015 година. Нивната цел е да ја одржат меѓународната и регионалната координација и соработка во борбата против тероризмот, екстремистичките идеологии и радикализацијата преку сеопфатен пристап. За да се поттикне отворен дијалог меѓу учесниците на состаноците на процесот Акаба, дискусиите се одржуваат во неформален амбиент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем собир на Binance во Скопје: Бројот на корисници во Македонија за една година пораснал за 40 отсто
Следна Статија МНР го организира транспортот на телото на Александар Карадакоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Три земјотреси почувствувани во Македонија, најсилниот е со јачина од 3,2 степени

Три земјотреси се регистрирани во Македонија ноќеска. Најсилниот со јачина од 3,2 степени бил во околината на Гевгелија, според Европскиот…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

КОЈ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА БЕГСТВО НА КРМЗОВ? Доказите за криминалот се обезбедени, ама некој не сака да се меша во својата работа

Најмалку 65 милиони евра штета врз буџетот на Македонија утврдиле инспекторите на Управата за јавни приходи и на Царинската управа…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Пред осумдесет години, ОН се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН: „Екселенции, Дами и господа, Пред осумдесет години, Обединетите…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Во Македонија денеска активни се 29 пожари, од кои 10 се активни, а 16 се изгаснати

До седум часот на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Од нив 10 се активни,…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?