Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јовевски: Покачувањето на пензиите кое што го направи оваа Влада е добар чекор кој влијае на стабилизација на стандардот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Јовевски: Покачувањето на пензиите кое што го направи оваа Влада е добар чекор кој влијае на стабилизација на стандардот
ЕКОНОМИЈА

Јовевски: Покачувањето на пензиите кое што го направи оваа Влада е добар чекор кој влијае на стабилизација на стандардот

Објавено May 26, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Лазар Јовевски, надворешен советник за труд и социјална политика на претседателот на Владата на Македонија во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ зборуваше за платите во јавниот сектор каде потенцираше дека владата сака да направи се да се стабилизира целиот систем на плати, а потоа и да се пристапи кон системско решение со кое ќе се обезбеди достоинствена плата за достоинствена работа.

„Она што забележувам е дека оваа влада сака да ја стави под контрола висината на платите во јавниот сектор. Се случува да имате институции каде административните службеници во одредено министерство земаат една плата, а одредени даватели на услуги или друг тип на извршители кои што имаат други работни задачи земаат двократно, трократно повисоки плати. Сето тоа доведе до една какафонија во однос на платите, до една нелојална конференција, до незадоволство кај вработените, едни земаат, други не земаат, едни склучиле колективен договор веднаш, другите реагираат зошто и ние да не склучиме, па зошто се тие привилегирани и слично и сето тоа создаваше еден домино ефект на незадоволство и паѓање во продуктивноста во јавниот сектор. Она што сега се случува е да се стабилизира целиот систем на плати во државата односно она што Владата со социјалните партнери односно синдикатите се обидува да направи е да оние гранки од јавниот сектор како што е образованието, здравството, полицијата да дојде до стабилизација на платите, а потоа да се пристапи кон системско решение, законско кое ќе значи уредување на прашањето на платите од страна на владата, социјалните партнери, синдикатите на која што ќе биде обезбедена достоинствена плата за достоинствена работа“, рече Јовевски.

Јовевски во текот на своето гостување се осврна на зголемувањето на пензиите кое го направи оваа Влада и укажа дека математиката за зголемување на пензиите е неприкосновена.

„Јас со претседателот, но и со економскиот тим на претседателот уште во рамки на опозиција и всушност математиките, економските параметри покажаа дека во суштина зголемување на платите е можно, линеарно како што се случи на две рати, во рамки на една или помалку од една година во однос на пензиите и би рекол математиката е неприкосновена и заклучи: „Kога ќе ги видите бројките, кога ќе видите дека има одредени средства кои што можат да се вложат во рамки на покачување на стандардот и достоинството на пензионерите, мислам дека немаше друг заклучок освен тоа дека треба да се пристапи кон зголемување на пензиите“.

Јовевски порача дека покачувањето на пензиите е добар чекор, а доказ за тоа е што 90% па и повеќе од населението со радост го прифатија и дека тоа влијае на стабилизација на стандардот и на достоинствениот живот на граѓаните.

Тоа што ние го направивме во овој момент е во суштина обезбедивме едно покачување на пензиите кое што навистина мислам дека 90% па и повеќе со радост ја прифатија, генерално целокупното општество и граѓаните затоа што тоа се наши фамилии, нашите пријатели така да дефинитивно сметам дека тоа е еден добар чекор и влијае на стабилизација на стандардот и на достоинствениот живот на граѓаните генерално“, заклучи Јовевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Њујорк врати еден брејк, од -20 до победа во Индијанаполис
Следна Статија Кафе, пиво и пица за помалку од 10 евра? И тоа е можно во срцето на Италија, во град со позната атракција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Град Скопје најави присилна наплата на оние кои не платиле данок на имот и комунална такса

Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за…

October 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека в сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин (Чатал) – Крива Паланка, а во втората…

January 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Градиме нови автопати, создаваме модерни транспортни коридори- Николоски ја презентираше амбициозната агенда за развој на инфраструктурата

Започнавме амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористиме стратешката позиција како крстосница на Балканот за да донесеме…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

КЗК со апел: Трговците мора да ги прекинат нефер практиките

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) денеска упати повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат…

April 23, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?