Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Јутарњи лист“ повторно пишува за случајот на протерувањето на Христијан Илиевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Јутарњи лист“ повторно пишува за случајот на протерувањето на Христијан Илиевски
МАКЕДОНИЈА

„Јутарњи лист“ повторно пишува за случајот на протерувањето на Христијан Илиевски

Објавено September 9, 2025 18:12
Сподели
Сподели

По информациите на македонските медиуми дека Христијан Илиевски, своевремено познат како „крал на местенките“ во италијанската Калчо лига, бил жртва на лаги и измислици во извештаите на македонската Агенција за национална безбедност (АНБ), хрватски „Јутарњи лист“ повторно се огласи за овој интересен случај.

Како што пишуваше Плусинфо, Хрватска го протерала Илиевски на 4 април 2024 година, откако тамошната Сигурносно обавештајна агенција спратила информација до полицијата во Риека, со ознака „доверливо“, во која се тврди дека Илиевски претставува закана за националната безбедност. Подоцна, Уставниот суд ја укинал одлуката на управните судови, поради повреда на правото на правично судење.

Христијан Илиевски за Плусинфо откри дека службениците на СОА својата одлука да го прогласат за опасен по националната безбедност на Хрватска ја донеле водени од информации од нивни колеги од Македонија, од АНБ. Тие службеници му се одмаздувале, затоа што претходно се обиделе од него да изрекетираат 75.000 евра, а тој случајот го пријавил и потоа соработник на тајната полиција бил фатен со 5.000 обележани евра и осуден на затворска казна.

„Јутарњи лист“ пишува дека Илиевски, инаку бугарски државјанин, очекува позитивна одлука на управните судии во повторената постапка, но ако тоа не се случи, спремен е правдата да ја бара во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затвореници ќе станат земјоделци – ќе обработуваат земјоделско земјиште во државна сопственост
Следна Статија Вицепремиерот Фетаи одби да одговори на македонски јазик на поставено новинарско прашање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 10 приведени за случајот со прилепската болница – во текот на денов треба да бидат спроведени во Судот

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со  Општата болница во Прилеп во…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Разговор со премиерот Христијан Мицкоски на Атлантскиот совет

Разговор со премиерот Христијан Мицкоски на Атлантскиот совет. Тој говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан. На разговорот…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава.…

March 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?