Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се менуваат осум закони за да се спречат нови трагедии од семејно насилство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се менуваат осум закони за да се спречат нови трагедии од семејно насилство
МАКЕДОНИЈА

Ќе се менуваат осум закони за да се спречат нови трагедии од семејно насилство

Објавено March 13, 2026 19:38
Сподели
Сподели

Во подготовка се  итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, напиша заменик министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Состанокот се одржа во Министерството за социјална политика, демографија и млади, согласно заклучокот донесен на Итната седница на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Работната група ќе работи на измени и дополнувања на повеќе закони, меѓу кои:
-Законот за полициски овластувања;

-Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство;

-Законот за социјална заштита;

-Законот за правда на децата;

-Законот за бесплатна правна помош;

-Законот за кривична постапка;

-Законот за парнична постапка и

-Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

Членовите на работната група се номинирани претставници од релевантни институции и граѓански организации, меѓу кои: Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Министерството за правда, невладиниот сектор, надлежните судови, Јавното обвинителство, претставници од академската заедница и од Собранието. Во работата на групата се вклучени и надворешни соработници од меѓународниот сектор.

На состанокот беше заклучено секоја институција до следната средба да достави конкретни предлози за законски измени, како и измени на подзаконски акти, правилници и протоколи, согласно утврдените потреби. Целта е да се обезбеди поефикасна практична примена на законските решенија и дополнително да се зајакнат механизмите за спречување на насилството и заштита на жртвите од родово базирано и семејно насилство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Само половина од населението е финансиски писмено, а учениците знаат само основни поими
Следна Статија ДУИ го цинкари Уставниот суд кај дипломатите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата

Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти

Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, објавени…

December 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од 111 прегледани граѓани во Трубарево, 11 се испратени на дополнителни прегледи на „Пулмологија“

Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Службените возила, од утре, со регистарски таблички во друга боја

Сите државни институции и јавни правни лица ќе имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?