Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 32 градоначалници за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, СДСМ доби три
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 32 градоначалници за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, СДСМ доби три
МАКЕДОНИЈА

32 градоначалници за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, СДСМ доби три

Објавено October 20, 2025 09:03
Сподели
Сподели

На вчерашните локални избори градоначалник во првиот круг е избран во 44 општини, покажуваат првичните неофицијални резултати од Државната изборна комисија (ДИК). Најголем дел од нив се кандидати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која, според обработени 99,94 отсто од гласачките ливчиња на 3.472 од вкупно 3.474 избирачки места, освои градоначалнички места во 32 општини.

Од останатите партии, СДСМ победил во три општини, коалицијата ВЛЕН во пет, додека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) предводена од ДУИ во четири општини.

Победи на ВМРО-ДПМНЕ во 32 општини

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг добија градоначалнички мандати во:
Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип.
Во Старо Нагоричане кандидатот на партијата е на границата со 50 проценти од гласовите, па резултатот таму останува неизвесен.

Победи на другите партии

СДСМ освои градоначалнички места во Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.

ВЛЕН во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.

НАИ (ДУИ) во Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.

Изборите не успеаја во три општини

Во Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше изборите ќе треба да се повторат, бидејќи не излегла најмалку една третина од запишаните избирачи, како што пропишува Изборниот законик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави
Следна Статија Цената на златото расте со години, што нè чека во иднина?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка по повод големиот празник Богојавление – Водици: Бог се јави!

Во името на Владата и во мое лично име, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление –…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски за изјавата на бугарскиот министер дека е „северномакедонски“ премиер: Тоа е како кога глушецот го задева лавот

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

Пред 29 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со порака до градоначалниците да ги користат можностите на Ресурсниот центар

Воспоставувањето на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините е стратешка алатка со која ја зацврстуваме имплементацијата на Националната…

November 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?