Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 50 мигранти протерани од САД ќе дојдат во Косово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > 50 мигранти протерани од САД ќе дојдат во Косово
БАЛКАН

50 мигранти протерани од САД ќе дојдат во Косово

Објавено August 6, 2025 13:45
Сподели
Сподели

Косовската претседателка Вјоса Османи добила писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое тој „ѝ се заблагодарува за нејзината посветеност и пријателство“ кон САД и изразува желба за продлабочување на соработката во наредните години, објави косовското претседателство.

Трамп напишал во писмото, според соопштението, дека одлуката на Косово да прифати граѓани од други земји ја покажува нејзината „силна подготвеност“ за соработка со САД и дека „лидерството по ова прашање ја покажува силата и сочувството на народот на Косово“.

Во јуни, владата на Косово објави дека ќе понуди привремена заштита на 50 лица од трети земји, како дел од соработката со САД. Стејт департментот на САД потврди дека земјите од балканскиот регион се вклучени во контакти во рамките на пошироката стратегија на САД за депортирање на странски државјани без регуларен статус.

Во своето писмо, според косовското претседателство, Трамп додал дека „САД и Косово имаат длабока врска, заснована на меѓусебно почитување, споделени демократски вредности и визија за мирна и просперитетна иднина. „Вашата посветеност на зајакнување на оваа врска не остана незабележана и уверен сум дека заедно ќе продолжиме да ги унапредуваме нашите заеднички цели“, напишал Трамп. откако претходно одреди нови трговски тарифи и за Косово.

Според соопштението, Трамп и се заблагодарил на Османи за нејзиното „храбро водство и за тоа што стои ткако вистински пријател на САД. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас во годините што доаѓаат“.

За време на посетата на САД во јули, претседателката Османи рече дека Косово е многу заинтересирано за нов вид односи со САД, односи што ќе се базираат повеќе на економски интереси, а таа ги издвои енергетиката, одбраната и информатичката технологија како клучни области за заеднички развој.

Во меѓувреме, на 1 август, владата на Косово ја укина царината од 10 проценти за американските стоки.Османи по одлуката, во објава на X упатена до Трамп и американскиот народ, рече дека Косово „е ваш доверлив партнер во напорите Америка и нејзините сојузници да бидат силни, безбедни и попросперитетни“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Кина го гради највисокиот мост во светот: Погледнете како ја „пресекуваат“ планината за автопатот
Следна Статија Бил и Хилари Клинтон повикани на конгресно сослушување за сексуалниот престапник Епштајн

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Објавена првата фотографија од кумот на Звицер кој ги „скина“ „Македонците“ во Атина

Милован Здравковиќ, кумот на Радоје Звицер, кој беше уапсен во Загреб по потерница од Србија беше познат како криминалец од…

October 25, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) Возач удри полицаец на мотор

На социјалните мрежи се појави видео од сообраќајна несреќа во Белград во која возач на автомобил удрил полицаец на мотор.…

September 25, 2025
СВЕТ

ЕУ контра Трамп: Не го признава легитимитетот на Родригез

Европската комисија нема „конкретен коментар“ на полагањето заклетва од страна на досегашната потпретседателка Делси Родригез како привремена претседателка на Венецуела,…

January 6, 2026
БАЛКАН

Гори облакодер на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во облакодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?