Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кешишев за сменетата ИЗЈАВА: Палчо ми ја даде да ја препишам и да ја потпишам!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кешишев за сменетата ИЗЈАВА: Палчо ми ја даде да ја препишам и да ја потпишам!
ХРОНИКА

Кешишев за сменетата ИЗЈАВА: Палчо ми ја даде да ја препишам и да ја потпишам!

Објавено November 25, 2024 13:55
Сподели
Сподели

Адвокатот на Влатко Кешишев денеска побара појаснување за изјавата што обвинетиот Кешишев ја достави до судот на претходното рочиште. Денеска Кешишев рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски му ја дал изјавата додека биле сами во полициско возило и му рекол да ја препише и да ја потпише.

– Изјавата не е моја, ми беше даден лист да препишам и да го потпишам – рече Кешишев.

Кој ви го даде? – праша адвокатот.

– Палчо – рече Кешишев.

– Зошто напишавте? – праша адвокатот.

– Од страв од Палчо – рече Кешишев.

Тој објасни дека Палчо му го дал листот при транспортот од суд.

– Сами ве пренесуваа, заедно? – праша адвокатот.

– Два пати бевме заедно во комбето – рече Кешишев.

Судијата Ивица Стефановски му рече на Кешишев дека ова ќе може да го каже подоцна при својата одбрана.

Обвинетиот Влатко Кешишев на рочиштето одржано на 20 ноември ја повлече изјавата дека Љупчо Палевски бил присутен за време на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кешишев во изјавата која ја достави преку затворот до судот наведе дека Велибор Манев им вршел притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал. Манев наводно им се заканил на него и на Боре дека ќе ги здробат ако не кажат така.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода
Следна Статија Лефков: Фани Каранфилова од Сорос со над 2 милиони годишна плата не може да биде ново лице во СДС, таа е потрчко на Заев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три лица се хоспитализирани по пожарот во Кочани

Пожарот што избувна попладнево пред 14 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, е изгаснат. Според информациите од…

July 22, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец со моторцикл удрил во 10 годишно девојче на пешачки

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела…

April 26, 2025
ХРОНИКА

По повеќе од една деценија бегство – екстрадиран Хеди Рамковски, синот на Велија Рамковски

По повеќе од една деценија бегство, пред половина година во Македонија бил екстрадиран Хеди Рамковски, син на Велија Рамковски сопственик на поранешната влијателна…

December 15, 2024
ХРОНИКА

Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода на лицето…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?