Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски по сквернавењето на македонското знаме: Предупредувавме за обиди за ескалација и креирање на етнички тензии, како Влада гарантираме безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски по сквернавењето на македонското знаме: Предупредувавме за обиди за ескалација и креирање на етнички тензии, како Влада гарантираме безбедност
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по сквернавењето на македонското знаме: Предупредувавме за обиди за ескалација и креирање на етнички тензии, како Влада гарантираме безбедност

Објавено November 29, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Најостро го осудувам. Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација на случувањеата и креирање на етнички тензии дека ќе има и ќе има во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе има и во иднина, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој како одговор на новинарско прашање го коментираше сквернавењето на македонското знаме, честиташе и за брзата реакција.

Честитам на навремената, трезвена, државничка реакција на МВР и Бирото за јавна безбедност, СВР Скопје, припадниците на МВР кои не дозволија ескалирање, но истовремено реагираа во насока на приведување на лица кои го сквернавеа македонското државно знаме. Тие се веќе приведени, во текот на денот се очекува да бидат изведени пред судија, подвлече Мицкоски и додаде дека нема да има милост кон никого.

-Секој кој ќе ги прекрши Законот и Уставот ќе одговара.

Апелираше и до граѓаните да не дозволат криминални групи да ја дестабилизираат Македонија.

-Ние како Влада гарантираме безбедност, трезвена акција на МВР и државничко однесување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Оштетени се шест возила во Куманово на вчерашната прослава на Денот на албанското знаме
Следна Статија Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Екс градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов оди во куќен притвор

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, оди во куќен притвор. Истата…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни и чувајте нè безбедни

Последниве денови гледаме колку е важно сите 32 сојузнички држави, вклучително и Македонија да се здружат, да работат заедно и…

March 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кекеновски: ЈО да ги истражи сомнежите за милионски матни бизниси на Заев во Дубаи

По сериозните обвинувања на бегалецот од Будимпешта на сметка на Заев кој наводно изнесол огрома сума на пари од Македонија…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Среде денови на жалост, на некого вечерва му дошло до огномет

Во денови на жалост поради трагедијата во Кочани на некого му дошло до огномет. На социјалните мрежи се појави снимка…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?