Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника „Жан Митрев“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника „Жан Митрев“
ЗДРАВЈЕ

Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника „Жан Митрев“

Објавено November 29, 2024 19:00
Сподели
Сподели

Првата неврохируршка операција на Одделот за неврохирургија во Клиника „Жан Митрев“ е изведена со врвен неврохируршки микроскоп, единствен во државата. Неврохируршкиот тим предводен од проф. д-р Владимир Рендевски, заедно со д-р Михаил Таушанов и останатите членови на интердисциплинарната медицинска екипа, успешно изведоа операција на ‘рбетниот столб на пациентка со огромни болки во кичмата и неподвижна десна нога.

Со исклучителното ниво на визуелизација преку микроскопот чии оптички леќи ги пребојуваат туморите, беше обезбедена јасна дистинкција на болното од здравото ткиво, што овозможи искусниот тим со најмала инвазивност да ги отстранат сите тумори.

Микроскопот од брендот Цајс модел Киево 900, е единствен во државата од ваков вид и со ваква примена. Со неговите врвни перформанси се овозможува висок степен на визуелна прецизност при оперативни зафати од разни патологии од доменот на неврохирургијата вклучувајќи и васкуларни заболувања како аневризми и онколошки заболувања односно карциноми. Во иднина ќе биде користен за интракранијални и кичмени операции за кои досега пациентите заминуваа најчесто надвор од државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши со осуда за вчерашното насилство и дивеење
Следна Статија Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Медицинска сестра препорача (необични) трикови за ладење

Сo зголемувањето на температурите и топлотниот бран што го зафаќа поголемиот дел од Европа, многумина се борат со ефектите од…

June 27, 2026

Nipah вирусот: Клучни информации за јавното здравје во Индија

Преглед на Nipah вирусот: Карактеристики, превенција и моментални случаи во Индија

January 31, 2026
ЗДРАВЈЕ

Министерството за здравство се огласи во врска со „извозот на мозоци“

Министерството за здравство преку соопштение се огласи во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци…

February 3, 2026
ЗДРАВЈЕ

Несовесното лекување било систематско, не случајно, смета обвинителството во случајот „Онкологија“

Здравиот има многу желби, а болниот само една, а тоа е да оздрави. Болните и нивните семејства имале доверба во…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?