Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Ги затегнавме чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николовски: Ги затегнавме чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Ги затегнавме чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите

Објавено November 30, 2024 17:31
Сподели
Сподели

Ги затегнавме чешмите, се оди во Буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите 5 месеци. Поднесена е 31 дисциплинска постапка за царински службеници за злоупотреба на службена положба. Од први јули до 26 ноември има 211 случаи на заплени или двојно повеќе во однос на лани. Поднесени се 45 кривични пријави што е за три пати повеќе во однос на истиот период минатата година. Ова беа дел од поентите на директорот на Царинска управа Бобан Николовски во гостувањето во емисијата „За или против” на Алфа телевизија.

Николовски потенцира дека наплатата на приходите бележи континуиран раст во изминатите пет месеци.

“Во јули се наплатени речиси 12 милијарди денари што е историски најголема наплата во еден месец. Растот на наплатата на приходи се задржа и во наредните месеци. Така, во септември се наплатени 10,27 милијарди денари или 9,4 проценти повеќе од лани, при што приходите од царина се зголемени за 24,4 проценти, а на акциза за 25,9 проценти. Во октомври наплатени се 11,3 милијарди денари или 5,9 проценти повеќе од истиот период минатата година”, истакна Николовски.

Зголемената наплата се должи на зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека.

“Растот на наплатата на приходи се должи на зголемени контроли, менување на свеста на царинските службеници за поголем интегритет и професионалност, но и воспоставениот ред по принципот награда за секој што заслужил, но и санкционирање на оној што постапувал спротивно на законите. Воспоставен е и нов Комитет за оперативно работење чија задача е поефикасна координација на оперативното работење, што подразбира и зајакната контрола на работата на царинските службеници. Воедно на граничните премини и граничните терминали веќе е имплементиран систем за видео надзор и систем за препознавање на регистарските таблички”, вели Николовски.

Во интервјуто Николовски говореше и за модернизација на премините, како и проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски државјанин сакал да се бори за Русија во Украина за плата од 3000 евра
Следна Статија Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Бугарија го ратификуваше Договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на…

February 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Глобалните обврзнички приноси достигнаа 16-годишен врв поради намалени очекувања за намалување на каматните стапки

Глобалните обврзнички приноси пораснаа на нивоа последен пат видени во 2009 година пред клучниот состанок на Федералните резерви, сигнализирајќи загри

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Акциите на „СпејсИкс“ скокнаа за 11 отсто на историското деби на берзата, сега вреди 2 билиони долари

Компанијата „СпејсИкс“ (SpaceX) на Илон Маск денеска забележа рекордно деби на берзата при нејзината првична јавна понуда (ИПО), откако вредноста…

June 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Бектел и Енка на средба со градежни компании, разговарале за Коридорите 8 И 10Д

На 29 април 2025 година, во кампот на Бехтел ЕНКА во Гостивар, се одржа значајна средба помеѓу менаџментот на компанијата…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?