Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ одлучи: Учениците остануваат дома, наставата ќе продолжи само ако се најде решение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ одлучи: Учениците остануваат дома, наставата ќе продолжи само ако се најде решение
МАКЕДОНИЈА

Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ одлучи: Учениците остануваат дома, наставата ќе продолжи само ако се најде решение

Објавено December 4, 2024 22:45
Сподели
Сподели

Советот на родители од основното училиште „Лазо Ангеловски“ вечерва донесе одлука за целосен бојкот на наставата почнувајќи од утре, 5 декември 2024 година, како последен чекор во обид да се реши проблемот со насилниот ученик од трето одделение.

Согласно донесената одлука апелираме како совет утре сите ученици да останат дома и да им дадеме можност на надлежните да изнајдат решение за проблемот со кој се соочуваме а од кое ќе бидеме сите задоволни и ќе ги пуштиме нашите деца на настава без притоа да се грижиме дека истите безбедно ќе се вратат дома. Одлуката за бојкот се однесува за 5.12.2024 година – четврток и важи за сите одделенија од 1-во до 9-то. Во текот на утрешниот ден, допопнително преку преставниците, ќе биде споделена информација до сите вас за преземените чекори кои ќе се однесуваат на периодот кој следи“, се вели во заклучокот на Советот.

Во соопштението од Советот се наведува дека училиштето и родителите веќе три години бараат поддршка од надлежните институции за решавање на случајот, но досега не е изнајдено соодветно решение.

Секое дете има право на образование, но ништо и никој не смее да го наруши образовниот процес. Бојкотот е последниот чекор кој го преземаме за да ја алармираме јавноста и да ги повикаме релевантните институции да бидат партнери во решавањето на овој проблем, изјавија од Советот.

Родителите бараат учениците да останат дома додека се чекаат насоки од Министерството за образование, кое за утре закажа состанок со формирана комисија за разгледување на случајот. Од Советот истакнуваат дека бојкотот важи за сите одделенија од прво до деветто.

Проблемот ескалираше откако училиштето „11 Октомври“ одби да го прими ученикот поради притисок од родителите на учениците, а истиот останува запишан во „Лазо Ангеловски“. Според препораките на социјалните служби, ученикот треба да ја смени средината, но засега нема конкретна одлука.

Наставата ќе продолжи само откако ќе се изнајде решение кое ќе гарантира безбедност за сите ученици, истакнуваат родителите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски обелодени: Констатирани злоупотреби во повеќе здравствени установи
Следна Статија Мицкоски утре ќе ја презентира новогодишната потрошувачка кошничка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на одбележување 150 години од кревањето на Разловечкото востание

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на одбележувањето на 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание во село…

May 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Снегот нема да ги изненади институциите, вели Ангелов

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска истакна дека државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите со снег. Ваквиот…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поплавите се повлекуваат, 250 лица и натаму згрижени во Кичево

По обилните врнежи од дожд и снег што во изминатите денови предизвикаа излевања и евакуации во повеќе региони, состојбата постепено…

February 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?