Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ: Уништена над 2 тона небезбедна храна од скопско тобако
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > АХВ: Уништена над 2 тона небезбедна храна од скопско тобако
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Уништена над 2 тона небезбедна храна од скопско тобако

Објавено December 13, 2024 10:08
Сподели
Сподели

По доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спроведе контрола во кај оператор со храна кој стопанисува со киосци (тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок.

За утврдениот прекршок инспекциските служби на Агенцијата издадоа решение за уништување на 1920 килограми небезбедната храна повлечена од неколку киосци со кои стопанисувал операторот. За сторениот прекршок, изречена е парична казна.

При спроведена вонредна инспекциска контрола во угостителски објект во Битола, затекната е небезбедна храна во количина од 241 килограм, која по издадено решение од инспектор нештетно е уништена. За пуштање во промет на небезбедна храна на операторот изречена му е казна во висина од 600 евра во денарска противвредност, а со 300 евра во денарска противвредност, казнето е и одговорното лице во правниот субјект. Дополнително, на овој оператор со храна изречена му е и казна од 300 евра и
150 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице за неизвршени задолжителни здравствени прегледи за вработените.

При редовен инспекциски надзор, во Охрид, со 1400 евра (1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице во правното лице) во денарска противвредност, казнет е маркет за пуштање во промет на небезбедна храна (сувомесни производи и мелено месо) кои биле без декларација и со поминат рок на употреба. Заради неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените, во Охрид, парично казнета е и месарница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уште шест нови авиолинии до крајот на годината
Следна Статија Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Лекарската комора го поддржа Законот против пушењето

Лекарската комора на Република Македонија, како професионална организација што ги обединува лекарите од сите нивоа на здравствената заштита, дава поддршка…

January 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

За три пати зголемен бројот на заболени од грип

За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со…

January 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Wyze Scale Ultra BodyScan преглед: Натпреварувачки карактеристики по достапна цена

Доколку сакате да ги следите своите витални показатели по достапна цена, Wyze Scale Ultra BodyScan треба да биде на вашиот…

January 19, 2026
ЗДРАВЈЕ

Меџити: Вкупно 1500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа, без разлика кој ги вработил

Првиот заменик-претседател на Владата на Македонија, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?