Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со месеци делел празнични бонуси за лица кои ни час не поминале работејќи на празник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со месеци делел празнични бонуси за лица кои ни час не поминале работејќи на празник
ХРОНИКА

Со месеци делел празнични бонуси за лица кои ни час не поминале работејќи на празник

Објавено December 16, 2024 16:13
Сподели
Сподели

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против С.Н. (40) од Скопје и 23 други лица од повеќе градови во државата. Според МВР, С.Н. – соработник за финансиски прашања во Службата за општи и заеднички работи во Владата внесувал поголем број на празнични работни часови на 23 шумски полицајци. Овие дејствија резултирале со противправна имотна корист од околу 1.548.040 денари, оштетувајќи го државниот буџет.

– Пријавениот С.Н. – соработник за финансиски прашања во Службата за општи и заеднички работи во Владата, во периодот од ноември 2021 година до април 2022 година, кој бил ангажиран за изработка на пресметките на плата на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја злоупотребил својата службена положба на начин што при изработка на пресметките за плата на 23 –те лица, сите вработени како шумски полициски службеници, во сите обрасци за плата, во графата „празнични часови“ внесувал поголем број на празнични работни часови, иако знаел и имал увид дека лицата немале воопшто или имале значително помал број празнични работни часови, стои во соопштението од МВР.

Останатите 23 лица се осомничени за прикривање по член 261 од Кривичниот законик, бидејќи ги присвоиле незаконски исплатените средства и не го пријавиле поголемиот месечен прилив до Министерството.

– На тој начин, пријавениот С.Н. им овозможил на другите 23 лица да се стекнат со противправна имотна корист од околу 1.548.040 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет, велат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО)Мицкоски: Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово
Следна Статија Нема да се зголеми ДДВ, уверуваат од Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Притвор за 4 лица уапсени во Струга и Гостивар, осомничени за планирање настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста

Притвор во траење од 30 денови им е одреден на четирите лица кои беа уапсени во полициска акција што вчера…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Детали за акцијата „Бункер“: Четворица уапсени, организирале нарачани убиства – Еден од убиените е и Оки од групата Грчец

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во…

May 21, 2025
ХРОНИКА

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга, кривично ќе одговараат правното лице, односно продажниот објект, управителот и вработениот…

May 9, 2025

Две лица загинаа, а три се повредени во сообраќајна несреќа

Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина…

November 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?