Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лекарите од „Козле“ од премиерот и министерот бараат разрешување на директорката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Лекарите од „Козле“ од премиерот и министерот бараат разрешување на директорката
МАКЕДОНИЈА

Лекарите од „Козле“ од премиерот и министерот бараат разрешување на директорката

Објавено December 19, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Револтот на лекарите и вработените во Детската болница „Козле“ не завршува. Поплаките почнаа кога беше избрана новата директорка, Каролина Симоновска,  на која се жалат вработените. Меѓу многуте загрижености, во отвореното писмо упатено до Премиерот и Министерот за здравство, група лекари ја изразуваат својата загриженост дека новата директорка го уништува Кабинетот за бронхоскопија, каде по несогласувањата, дојде до низа оставки и отпуштања на стручен кадар.

Медицинскиот персонал во детската болница „Козле“ со отворено писмо упатено до премиерот Христијан Мицковски и министерот за здравство Арбен Таравари. Бараат разрешување на директорката на „Козле“, Каролина Симоновска, како што велат со своите постапки ја уништува болницата каде има голем број оставки и откази.

Во писмото се наведува и дека незаконски се разрешени внатрешните членови на Управниот одбор, вработените се отпуштени за време на боледување, директорот ги попречувал законските права на вработените, забранува поднесување претставки и навремено доставување на потребни документи при Државната комисија од втор степен. Постојано ги обвинува колегите за организациска неспособност, невнимателна работа.

Во екот на сезоната на респираторни инфекции, го намали бројот на дежурства, постојано вршеше психолошки притисок и мобинг врз лекарите и другиот персонал, се вели меѓу другото во писмото на вработените во болницата „Козле“. Во меѓувреме реагираше директорката Симоновска која истакна дека нема отпуштања и дека клиниката работи со целосен персонал. Се вели дека реакцијата доаѓа од мала група поединци кои само ги гледаат своите интереси.

Стручниот колегиум на детската клиника и директорката со демант, тврдат дека се работи за политички мотивирани обвинувања од мала група поединци во клиниката. 

Демант од Директорката на Детска клиника:

Клиниката е комплетно екипирана, сите оддели работат непречено и за прв пат после 7 години амбулантите ги покриваат лекари специјалисти педијатри во тек на 24 часа. Во Бронхоскопскиот кабинет непречено се реализираат дијагностички и терапевтски бронхоскопски процедури од страна на стручни и специјализирани кадри.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божикна пештера на плоштад Македонија – Пренеси ја божиќната радост до секое срце!
Следна Статија Здравствениот систем беше затекнат во девастирана состојба, младите кадри се клучни за обнова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово

Со почеток во раните утрински часови со делумен прекин на водоснабдувањето се населените места Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти

Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал, вели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Тема…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Законот за јазици: Да почекаме да дојде 11 декември, не постои опасност по безбедноста на државата

Да почекаме да дојде 11 декември, да видиме како сето ова ќе се развива и еволуира, рече денеска премиерот Христијан…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пакетчињата за деца под посебен мониторинг: Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување на засилени, вонредни контроли…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?