Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Објавено December 26, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната сесија на пратенички прашања во Собранието рече дека се испитува дали граничниот полицаец кој го пропуштил пребеганиот поранешен вицепремиер Артан Груби на границата со Косово бил дел од организирано бегство, или пак направил ненамерна грешка.

„Во раните утрински часови во недела,лицето ја напушта Македонија со возило со дипломатски таблици, и истото е совозач и при тоа од страна на полицискиот службеник на гранична полиција се прави кардинална грешка. Наместо да констатира дека е на „стоп листа“ истиот вознемирен и возбуден од страна на политичката големина на лицето и луксузот на возилото, без да постапи по стандардно процедура,го пропушта и тој излегува непречено од територија на Македонија. А кога службеникот констатира што направил, лицето веќе е на територија ан Косово. Обезбеден е видео-запис од камерите кои снимаат 24 часа на граница.

Доставена е кривична пријава за несовесно работење во служба. Има видео запис и ова е неспорен доказ. Но се истражува и дали е сторена ненамерна грешка или со умисла е настанато сево ова.Затоа се обезбедени мобилни телефони и други материјални докази, за брзо ќе ја утврдиме реалноста дали е организирано бегството или ненамерна грешка на полициски службеник.Точно е дека не работат боди камерите, но добар дел од нив не работат три-четири години. Поради тоа е казнет тамошниот раководител зошто не обезбедил соодветен процес на снимање“, рече Тошковски.

Тој додаде дека одговорниот полициски службеник кој не обезбедил батерии за работа на боди камерите не се поврзува со бегството на Груби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија
Следна Статија Секогаш кога ќе ја видат „Соравија“ граѓаните си спомнуваат дека зад вашата реторика стои злоупотреба за финансиски бенефит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски во Вашингтон на Конференција на конзервативната политичка акција

Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон ќе присуствува на Конференција на конзервативна политичка акција. Настанот ќе трае од 19 до 22 февруари и…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жичарницата на Водно одамна не смеела да превезува патници, вели Стојановски од синдикатот на ЈСП

Жичарницата од Средно Водно до врвот на скопскиот рид и Милениумскиот крст, повеќе од 10 дена не е во функција…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се воведе комунална полиција и референдумско отповикување – Предлог измените поминаа на Влада

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница. Со нив, меѓу другото се предвидува референдумско отповикување на…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?