Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
МАКЕДОНИЈА

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал

Објавено January 13, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Со традиционалното дефиле под маски денеска напладне почнува официјалниот дел од Вевчанскиот карневал.

Маскирани, вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција ќе ги прикажaт случувањата од изминатата година во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство. Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар, испраќајќи порака за промена на негативните случувања во општеството И како што е добро познато, вевчанци, кои важат за љубезен и гостопримилв народ, верни на традицијата, до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, без сценарио и режија организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи. Веднаш по нив следуваат останатите маски, секоја со своја приказна, ќе го привлече вниманието на присутните.

Дефилето почнува околу пладне, од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде маскираните го вртат Василичарското оро. Потоа ги посетуваат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во Новата година, а од домаќините се дарувани со луканци, леб, пари и други дарови. Ноќта пак, придружувани од останатите соселани, одат на Вевчанските извори од каде полнат вода со која прават кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај тој што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36
Следна Статија Филков: Итно ќе се менува контроверзниот Кривичен законик, Груби сам да се врати дома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Планинарска патека „Васко Саздовски“ – пријателите на загинатиот Македонец маркираа насока во негова чест

Во чест на Македонецот кој загина при уривањето на настрешницата во Нови Сад, д-р Васко Саздовски, утре ќе пуштена рекреативна…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад во Струмица беше…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дарко Јаневски е нов директор на МИА

Надзорниот одбор на АД МИА – Скопје во државна сопственост на денешната седница го избра Дарко Јаневски за генерален директор…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?