Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за раст на македонската економија, се проценува раст од 3 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за раст на македонската економија, се проценува раст од 3 отсто
ЕКОНОМИЈА

Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за раст на македонската економија, се проценува раст од 3 отсто

Објавено January 18, 2025 20:20
Сподели
Сподели

Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за растот на македонската економија во 2025 и во 2026 година. Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи, СБ проценува дека економијата во земјава годинава ќе забележи раст од 3,0 отсто, што е за 0,1 процент повеќе од претходната проекција. За 2026 година се прогнозира раст од 3,2 проценти, или зголемување за 0,2 отсто во однос на претходната проценка.

Од земјите во регионот, Бугарија годинава ќе забележи раст од 2,8, Хрватска 3,0, Босна и Херцеговина 3,2, Албанија и Црна Гора по 3,5, Косово 3,9, а Србија 4,2 отсто. 

Се предвидува дека целиот регион на Западен Балкан ќе има раст од 3,7 проценти во 2025 и 3,9 проценти во 2026 година.

Клучна улога се очекува да имаат приватната потрошувачка и инвестициите, особено во Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Во исто време, забавениот раст на еврозоната се очекува да обезбеди само ограничена поддршка за извозот.

СБ смета дека Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан би можел да ја удвои економијата на регионот во рок од една деценија, поддржувајќи го пристапувањето во ЕУ и подобрувањето на финансирањето на инфраструктурата и пазарната интеграција.

Главни ризици, пак, се геополитичките тензии. Руската инвазија врз Украина останува значаен фактор во обликувањето на регионалната перспектива. Секоја понатамошна ескалација може да доведе до поголемо економско нарушување во целиот регион.

Одложувањата во спроведувањето на структурните реформи може да го попречат исплаќањето на средствата на ЕУ за Западен Балкан и да ги одложат изгледите за пристап во ЕУ за сегашните земји кандидати. Покрај тоа, некои економии може да се соочат со дополнителни предизвици при извршувањето на големи инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ.

Светска банка очекува глобалниот економски раст оваа година да биде 2,7 проценти и да остане на исто ниво во 2026 година, нагласувајќи дека таа стапка е недоволна за стимулирање на одржливиот економски развој.

Според заменик-главниот економист на Светска банка, Ајхан Косе, тоа е стапка со која светот „може да живее“, но не е доволна за подобрување на животниот стандард на луѓето, како во побогатите така и во посиромашните земји во светот.

Извештајот на банката предупредува и на дополнителни пречки за тоа сценарио, од зголемена политичка несигурност и негативни промени во трговската политика, до геополитички тензии и постојана инфлација, до природни катастрофи поврзани со климата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Воз прегази две сестри во Србија – им паднале парите на пругата, па застанале да ги бараат
Следна Статија 20-годишно момче освои 8,8 милиони евра на лото, па се врати на работа: Го послушав татко ми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Увид во изградба на автопат Охрид-Кичево, Николоски и Трајановски на терен

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, денес…

November 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Исплатени околу пет милиони евра субвенции на повеќе од 12 000 лозари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека поддршката за производителите во сите земјоделски гранки продолжува и тоа, како што напомена, е…

February 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од денеска нови, поскапени цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати кои ќе стапи на сила од денеска.…

July 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски најави директни летови од Скопје за Амстердам и Париз

Годинава ќе се отворат уште четири нови директни авионски линии од скопскиот аеродром. Тоа се директните летови за Амстердам и…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?