Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска-Ванделт: Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска-Ванделт: Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Божиновска-Ванделт: Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија

Објавено January 29, 2025 10:32
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се сретна со претставници на Германската стопанска комора (AHK Северна Македонија).

На средбата, како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, присуствуваше директорката на АХК Антје Ванделт и заменик-германскиот амбасадор Јан-Аксел Фос и се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетската транзиција.

Министерката Божиновска ја истакнала важноста на партнерството со Германија во процесот на премин кон обновливи извори на енергија и декарбонизација. Таа ги презентирала тековните активности, вклучувајќи го новиот Закон за енергетика кој стапува на сила оваа година, како и плановите за зголемување на инвестициите во соларни и ветерни капацитети.

Ванделт, како што се наведува, ја нагласи заинтересираноста на германските компании за инвестирање во зелени проекти во Македонија, особено во секторите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност и ја истакна важноста на стабилната регулаторна рамка и транспарентните процедури за привлекување на странски инвестиции. Ја информираше министерката и го најави делегациското патување на тема „Децентрално снабдување со енергија преку сопствени фотоволтаик системи“, кое ќе се одржи оваа година и ќе овозможи воспоставување на соработка помеѓу германски и македонски стопанственици.

  • Двете страни се согласија дека зајакнувањето на соработката во енергетскиот сектор ќе придонесе за економски раст. Министерката Божиновска ја изрази својата благодарност за поддршката од германските партнери и ја потенцираше посветеноста на Владата за создавање поволна бизнис-клима за странските инвеститори, се вели во соопштението.

Од ресорното министерство посочуваат дека оваа средба претставува продолжение на досегашната успешна соработка меѓу Северна Македонија и Германија во областа на енергетиката. Во декември минатата година министерката Божиновска учествуваше на стручната конференција за декарбонизација организирана од АХК Северна Македонија, каде беа разгледани можностите за проширување на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Бугарски аналитичари: Мицкоски е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ
Следна Статија „Мона Лиза“ ќе биде сместена во посебна соба- повисоки цени на влезници во обновениот Лувр

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ивановски откри детали за договорите со Обединетото Кралство: Инвестиции во железничката инфраструктура во Македонија

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, денес одржи прес-конференција на тема: „Проекти кои произлегуваат од договoрите со Обединетото Кралство”. -Покрај…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Преку социјалните мрежи повик за бојкот на маркетите во петок

По примерот на Хрватска на социјалните мрежи и кај нас почна да се шири повик за бојкот на маркетите поради…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница за април изнесува 62.691 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во…

April 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ: Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност

„Народната банка спроведе навремени и соодветни монетарни и макропрудентни мерки, коишто овозможија стабилизирање на инфлацијата, одржување стабилен курс на денарот…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?