Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница
ЗДРАВЈЕ

Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Објавено February 4, 2025 18:36
Сподели
Сподели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци во рамките на своите надлежности при вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Детското одделение во Општата болница Струга, по смртта на четиригодишното дете од Лабуништа.

Според соопштението на ДСЗИ, при инспекцискиот надзор во установата било констатирано дека станува збор за дете со потешка форма на церебрална парализа, кое покрај тоа што било чест пациент на Детското одделение, било лекувано и на Клиниката за детски болести Скопје, како и надвор од државата.

Во врска со последната здравствена состојба која завршила со фатален исход, детето во ЈЗУ ОБ Струга било донесено на ден 30 јануари годинава, кога му е поставена дијагноза J20-акутен бронхитис. Веднаш му е ординирана интравенски антибиотска терапија и инхалација со NaC и отворена му е историја на болест за претстој во дневна болница. При престојот во дневната болница на 1 февруари, нотирано е дека и после ординираната терапија, кај детето нема подобрување. Направени му се РТГ на бели дробови и лабораториски анализи, стои во информацијата на ДСЗИ.

Наредниот ден, како што е образолжено, утрото, детето било донесено во тешка општа состојба, бледо, адинамично, без реакции на дразба, со површни респирации и брадикардично.

Веднаш е поставено на терапија и кислородна поддршка, но во тек на терапијата здравствената состојба му се влошила со застој на респирации, срцева акција, како и проширени зеници. Веднаш е започната реанимација, повикан е и анестезиолог реаниматор и продолжено со истата, меѓутоа без реакција и во 9 часот 45 минути е констатирана смрт, посочува ДСЗИ.

Со оглед на фактот дека, како што е наведено, ДСЗИ нема надлежности во делот на стручната работа на здравствените работници и здравствените установи, согласно член 296 од Законот за здравствената заштита, до министерот за здравство ќе достави информација со иницијатива за вршење на стручен надзор во врска со лекувањето и третманот на починатото дете во Општата болница Струга.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две струмички фирми казнети по 9500 евра – не го почитувале законот за управување со отпад
Следна Статија Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Играта на видео игри има неочекуван ефект врз IQ на децата, вели студијата

Истражувачите поврзаа поминувањето повеќе време во играње видео игри со зголемување на интелигенцијата кај децата, што делумно ја оспорува приказната

January 19, 2026
ЗДРАВЈЕ

ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ „8 Септември“ во Скопје наскоро ќе биде во функција хипербарна комора…

October 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Игор Мерџаноски нов директор на ТОАРИЛУЦ

За нов директор на ТОАРИЛУЦ е назначен доктор Игор Мерџаноски. Д-р м-р супспецијалист Игор Мерџаноски е роден 1971 година во…

July 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија?…

December 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?