Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Можеме да избереме Судски совет кој што ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судите се однесуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Можеме да избереме Судски совет кој што ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судите се однесуваат
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Можеме да избереме Судски совет кој што ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судите се однесуваат

Објавено February 6, 2025 12:11
Сподели
Сподели

Ние неможеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги детектираме аномалите, но можеме да избереме Судски совет кој што објективно, без партиски стеги, без интереси ќе може да го разбистри ова политичко мучуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судите се однесуват, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки, вели во изјава за медиумите Мицкоски.

Во изминативе месеци, морам да признаам дека се запознавав детално со начинот на функиоционирање, начинот на избор, инситуционалната меморија и сето она и сето она што е поврзано со судско-обвинителскиот ситем во државава. Јас кога нешто не знам се трудам да седнам и да го учам сето тоа и заедно со министерот со сите луѓе кои што работаат во министерството за правда, со заменикот, со државниот секретар, заедно со пратениците и пратеничките групи, анализираме, споделуваме искуства, бараме решенија и така натаму, и не е тајна ако кажам дека граѓаните не се задоволни како функционира судско-обвинителскиот систем кај нас, дека тоа е едно мучуриште кое изобилува со многу контраверзии и скандали – изјави Мицкоски.

Доколку парламентарците изгласат недоверба или интерпелација на членовите на судскиот совет, мислам дека истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат смета премиерот Мицкоски

Ние неможеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги детектираме аномалите, но можеме да избериме Судски совет кој што објективно, без партиски стеги, без интереси ќе може да го разбистри ова политичко мучуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судите се однесуват, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки. Цениме дека треба да се удри во чело, да не се обидуваме да импровизираме, да правиме импланти и така натаму, а ударот во чело подразбира дека сето она што е во ингиренции на Парламентот, а тоа е изборот на оние членови на Судскиот совет, таму каде што се бираат таму и да се се изгласа и Интерпелација. Точно е тоа и покрај тоа што ќе се изгласа интерпелација, тие можат и понатаму да останат да бидат дел од Судскиот совет, не велам дека тоа е неточно, но во услови кога тој што те избрал ти гласа повторно недоварба и продолжуваш да водиш инает тоа не е добро, и тогаш имаме и други механизми, други алатки, но јас се надевам дека доколку парламентарците изгласат недоверба или интерпелација на членовите на судскиот совет, мислам дека тие истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат – вели Мицкоски.

Претходно премиерот на социјалната мрежа на Фејсбук објави дека денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива во Собранието за разрешување на Судскиот совет, и покрај сите укажувања на експертите дека тоа е притисок и мешање во судството и досегашните смени кои покажаа дека во независни тела се именуваат партиски луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Рак – четврток, 6 февруари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Лав – четврток, 6 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Објектите на ФИНКИ и ДИФ намерно беа оставени да пропаѓаат цели 10 години, вели Јаневска

Министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека објектите на ФЕИТ и Факултетот за физичка култура намерно биле оставени недоградени цели…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се…

September 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се затвораат административните прашања- ќе се уредува паркинот на Клинички

Владата донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”. Со оваа одлука, како што информира…

February 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?