Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжен притворот за осомничените за убиството на 2-годишната Данка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Продолжен притворот за осомничените за убиството на 2-годишната Данка
БАЛКАН

Продолжен притворот за осомничените за убиството на 2-годишната Данка

Објавено February 14, 2025 11:37
Сподели
Сподели

Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за нови 30 дена на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ. Адвокатите на осомничените побарале укинување на притворот, но судот ги одбил, пишува Блиц.

Тој суд треба повторно да донесе одлука за обвинението против Драгијевиќ и Јанковиќ откако судот во Ниш неодамна го укина решението со кое се потврдува обвинението и го врати на првостепениот суд на повторно одлучување.

Данка Илиќ исчезна на 26 март минатата година, а нејзиното тело се уште не е пронајдено. Во обвинението Јанковиќ и Драгијевиќ се товарат за кривично дело тешко убиство.

Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан, е осомничен за кривично дело помагање на сторител на кривично дело и непријавување кривично дело. Го обвинуваат дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

Паралелно со истрагата за убиството на Данка, се води истрага и за претепувањето на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот Дејан, кој почина во полициската станица Бор поради полициска бруталност.

Тој е приведен поради сомнение дека му помогнал на Драгијевиќ да го сокрие телото на детето, а иако српската полиција тврдеше дека починал од природна смрт, обдукцијата покажала дека смртта била насилна. Се уште никој не е уапсен во врска со неговата смрт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Свети Трифун ги опари лозарите: Исплатени се 5,2 милиони евра субвенции за производство на грозје
Следна Статија Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Подрумите не смеат да се користат за туристички сместувања – Грција ги заострува правилата за издавање

Пратениците во Грција денеска почнаа да расправаат за предложениот закон со кој ќе се заострат правилата за краткорочно изнајмување на…

January 11, 2025
БАЛКАН

Крвава босанска одмазда по десет години – татко му пресудил на убиецот на неговиот син

36-годишен жител на село кај босанскиот град Травник е убиен вчера, а ден по убиството, се дознало дека станува збор…

December 28, 2024
БАЛКАН

Црногорците објавија ВИДЕО од моментот кога Костелиќ бил лоциран во морето

Ивица Костелиќ преживеа доста незгодни падови низ сите скијачки центри ширум светот, но дефинитивно, животот на Хрватот ниту еднаш не…

March 11, 2025
БАЛКАН

Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија

Македонскиот весник „Илинден” во Тирана во електронското издание објави напис под наслов „Ексклузивно-Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“.…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?