Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
ЕКОНОМИЈА

Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

Објавено February 21, 2025 14:14
Сподели
Сподели

Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со унгарскиот заем.

По средбата со претставниците од Сојузот на стопански комори (ССК), таа повтори дека компаниите кои ќе инвестираат во опрема и производство имаат предност кај банките.

Според ССК, унгарскиот кредит е еден од најповолните и претставува скромна, но голема поддршка за фирмите.

На средбата во ССК, како што изјавија министерката и претседателот на Сојузот Трајан Ангелоски, било договорено бизнисот да подготви листа со царински стапки за нивно хармонизирање со европските.

-Побаравме даночните процедури да се поедностават, а за царинските стапки кои мора да ги хармонизираме, наидовме на големо разбирање, истакна Ангелоски на заедничката прес-конференција.

ССК пред министерката го повторил ставот дека данокот за солидарност беше неоправдано воведен и укажал, рече Ангелоски, дека треба да се вратат средствата од оние што се земени, со одреден надомест.

Димитриеска-Кочоска беше децидна дека Владата не планира промени на даночните стапки за да нема пореметувања во приватниот сектор.

Бизнисот треба да биде слободен и да инвестира, да има поволно деловно опкружување, напомена министерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По неуспешниот обид да се киднапира Вања, лопатите ги оставиле во домот на Манев
Следна Статија Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Регулаторна: Бензинот останува со иста цена, дизелот поскапува

РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот останува по иста цена, додека нафтата поскапува за 3,5 денари. Највисоките малопродажни цени…

March 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Треба да вратиме 2,5 милијарди евра долг од претходната Влада

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштањето во употреба на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто во Општина Гази…

April 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цените на производите се следат, ако има потреба Владата ќе интервенира

Цените на прехранбените производи се следат и ако е потребно ќе интервенираме со нивно ограничување иако тоа не сакаме да…

January 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Општина Ѓорче Петров по прв пат доделува субвенции за набавка на клима-уреди и топлотни пумпи

Во насока на промовирање на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, Општина Ѓорче Петров за прв пат распишува јавен…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?