Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност
СПОРТ

Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност

Објавено February 27, 2025 17:26
Сподели
Сподели

Дури тројца од четворицата најдобро рангирани тенисери на АТП 500 турнирот во Акапулко беа принудени да се повлечат или да ги предадат натпреварите од второто коло поради дигестивни проблеми. Норвежанецот Каспер Руд и Американецот Томи Пол воопшто не излегоа на теренот, додека Данецот Холгер Руне го предаде дуелот по три гема.

Организаторите на турнирот сè уште не се огласија со објаснување како дошло до оваа епидемија меѓу играчите.

„Се надевав дека ќе ја победам оваа стомачна болест која се појави вчера, објави Руд на Инстаграм, додавајќи дека до последен момент се обидувал се што може за да игра против 19-годишниот Мексиканец Родриго Пачеко Мендез (АТП – 355.), кој на тој начин првпат во кариерата стигна до четвртфиналето на АТП турнејата.

Томи Пол не успеа да игра и против сонародникот Маркос Жирон, кој во четвртфиналето ќе се соочи со Канаѓанецот Денис Шаповалов, 32-ри на АТП-листата и втор најдобро рангиран тенисер од преостанатите осум на турнирот.

Четвртиот носител Холгер Руне одлучи да излезе на теренот, но му го предаде мечот на Американецот Брендон Накашима откако ги загуби првите три гема.

„Лут сум и тажен во исто време. Добив труење со храна и не можев да играм денеска. Дефинитивно не го сакав овој крај“, објави Руне на социјалната платформа 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој
Следна Статија Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славица Петровска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Фудбалер на Фиорентина колабираше на терен

Верона ја победи Фиорентина со 1:0 во Серија А. Натпреварот го реши Бренеде во 95.минута. Верона ја прекина серијата од…

February 23, 2025
СПОРТ

Јунакот на Интер го победи ракот и го однесе во финалето на ЛШ

Франческо Ачерби стана херој на Интер во историската вечер на Сан Сиро кога постигна гол во 93-тата минута од судиското продолжение…

May 7, 2025
СПОРТ

Легендата Имобиле се враќа во Италија

Најдобриот стрелец во Италија во последните 15 години, Чиро Имобиле (35), се согласи на меѓусебен раскин на договорот со турскиот…

July 4, 2025
СПОРТ

Во „Јане Сандански“ мириса на старите добри времиња

Ракометарите на Вардар ја постигнаа првата победа од главната фаза во Лига Европа откако синоќа го совладаа германскиот тим Мелсунген…

February 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?