Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фактурата за 60 авионски билети за посетата на Унгарија е 2,6 а не 12 милиони денари, вели премиерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фактурата за 60 авионски билети за посетата на Унгарија е 2,6 а не 12 милиони денари, вели премиерот
МАКЕДОНИЈА

Фактурата за 60 авионски билети за посетата на Унгарија е 2,6 а не 12 милиони денари, вели премиерот

Објавено March 7, 2025 14:14
Сподели
Сподели

Фактурата за авионскиот превоз за делегацијата која беше во посета на Унгарија изнесува 2.600.000 денари, а не 12 милиони денари, потенцираше денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на прашање за јавните набавки на Владата и дали многу се троши од парите на граѓаните. Премиерот Мицкоски истакна дека фактурата е 60 авионски билети и какошто рече „кога сакате ќе биде изложена на јавноста“.

-Околу 700 евра по билет со сите вклуечни такси на сите луѓе коишто беа дел од делегацијата, која што броеше 60 луѓе, и која што е за 30 проценти помалку, отколку кога би иделе со комерцијална линија Скопје-Виена-Будимпешта, Будимпешта-Виена-Скопје или Скопје-Истанбул-Будимпешта, Будимпшета-Истанбул-Скопје. Тоа се линиите коишто беа во тој момент на располагње. Но, и од двете дестинации бевме одбиени за групна карта, којашто инаку во принцип беше за 30 проценти поскапа. Ова е виситната за да нема допонителни шпекулации, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека посетата на Унгарија вреди, бидејќи веќе се пристигнати една милјарда евра од оваа држава за бизнисот и општините.

-Дали ќе стигнат уште многу стотици милиони евра? Да, наскоро и тоа ќе го објавиме. Целосна реконструкција на сите регионални магистрални и експреснни патишта, по поволни услови неколку стотици милиони евра. Дали вредело, мене ако ме прашате, да вредело. Дали е тоа добро за граѓаните? Тие ќе го кажат многу скоро за шест месеци од денеска на локалните избори, додаде Мицкоски.

Што се однесува за јавните набавки за храна за Владата, Мицкоски вели дека ќе провери дали многу се трошело од парите на граѓаните и ќе даде одговор.

-Но, прочитав и јас во некои медиуми дека се набавени 600 килограми банани. Јас банани не јадам конкретно. Но, ќе го проверам сето тоа дали е така. Но, ако е целта да најдеме нов начин, и нова формула во Владата, ако може на воздух да се живее, еве јас ќе ви кажам дека сега сме во месец на рамазански и велигденски пости, внимаваме каква храна конзумираме.Конкретно јас постам, знам дека голем дел од колегите и од христијанска православна вероисповест, и од исламска вероисповест, постат и ги почитуваат овие пости. Така што во периодот ќе внимаваме овие трошења да ги сведиме ако е можно на нула, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра со влезот на Македонија во СЕПА, појасни премиерот
Следна Статија Судот во Стразбур со позитивна одлука за случајот „Рекет“- Боки 13 најави кривични против Русковска и Заев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Оваа недела ќе ги има 6-те биолошки лекови за онколошките пациенти, најавија Таравари и Клековски

Оваа недела ќе ги има шесте биолошки лекови што недостигаа за пациентите од Клиниката за онкологија, потврди министерот за здравство…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сè додека сум премиер проблемите ќе се решаваат

Се трудиме во овие пет месеци да го консолидираме сето она кое што повеќе од три децении е уништувано, а…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Бројот на умрени лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1 процент. Повеќе умираат мажите и тоа во просек…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во ауди криел 50 килограми марихуана

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?