Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ковачки: Политичарите лешинари од ДУИ и остатоците од Алијанса – изгубени во време и простор, плукаат по оние што ја чуваат државата!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ковачки: Политичарите лешинари од ДУИ и остатоците од Алијанса – изгубени во време и простор, плукаат по оние што ја чуваат државата!
ПОЛИТИКА

Ковачки: Политичарите лешинари од ДУИ и остатоците од Алијанса – изгубени во време и простор, плукаат по оние што ја чуваат државата!

Објавено March 8, 2025 08:58
Сподели
Сподели

Ги следам објавите од штабот на Али Ахмети и од партијата на узурпаторот Зијадин Села. Запрепастен сум од безобразието со кое ДУИ и остатоците од АА удрија врз командната структура на АРМ. Со каква леснотија овие лешинари и губитници, без срам и без трошка совест, фрлаат кал и изнесуваат лаги врз луѓето кои цел живот ја носат униформата и се гарант на нашата безбедност, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Во кое време живеете вие што ќе ве снема на следните избори? Така ли мислите да добивате политички поени, оцрнувајќи поединци дека биле русофили или србомани и што уште не? Додека целиот свет се наоѓа пред сериозен предизвик, вие – измеќарите на Ахмети одвнатре работите против сопствената држава! Зарем толку сте безидејни и изгубени во вашите гнасни игри па морате да се служите со лаги и измислици? Кој ви даде право да го валкате угледот на овие луѓе? Генералите и офицерите по кои плукате со партиски соопштенија, не паднале од небо – тие со години, со децении, носеле униформа, се заколнале на верност на државата (за разлика од вас што гледате да ја разнебитите), биле на првите линии кога било најтешко!
Да, за разлика од вас, кои цел живот ја продавате државата за ситни интереси, пишува тој.

Јас, како нивен поранешен колега, не секогаш сум се согласувал со сите одлуки, сме имале различни гледишта по некои прашања. Но едно знам – нивниот професионализам, нивната лојалност и нивната жртва за Македонија никогаш не биле доведени во прашање“, истакна Ковачки.

-И токму тие генерали што ги напаѓате (не се генерали од вчера) беа и понижени согласно одлуки на тогашното раководство на МО и на тогашниот потстанар во вилата на Водно Пендаровски. ДУИ и остатокот од Алијанса, вие сте изгубени во време и простор! Вие сакате армијата да ја вовлечете во вашата партиска кал, сакате да ја делите по етнички линки како што делевте институции, фирми, тендери… Ама армијата не ви е политичка играчка! Ова е македонска армија! Овие луѓе се патриоти, професионалци, браници на оваа земја! Не играат по партиски ноти, не ви се плашат, не клечат пред вас! И затоа ви пречат! За крај – колку и да се обидувате да ги валкате, народот не е слеп, пишува Ковачки.

Пратеникот порача дека Армијата била и ќе остане чувар на државата!

-А вие, политички трговци, ќе останете само фуснота во историјата на почетоците на македонската демократија во која секој можел да кажува секакви лаги и да остане неказнет. За крај, до загрижените од ДУИ и остатокот од Алијанса: овие генерали можеби и имаат учено во поранешна ЈНА и Србија. Таков бил системот. Но истите се вратиле во Македонија кога требало. Неисе – ете уште година – две ќе одат во старосна пензија. Туку што правиме со Талат Џафери кој исто така има учено во ЈНА и Србија (србоман и русофил ли е?) да не е и тој некој „скриен агент”? – пишува тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две лица повредени во судир со комбе на Брза помош на Партизанска
Следна Статија Историски успех за Македонија: Андреас Трајковски е осми во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Пендаровски: Заев му понуди договор на Мицкоски за уставни измени и предвремени избори, но тоа не се случи

Поранешниот претседател на државата  Стево Пендаровски, во интервју на јавниот сервис призна дека вработен од неговиот кабинет снимал видео и…

June 2, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ, граѓаните плаќаат скапа струја

Нема област во која во владеење на СДС и ДУИ не преовладувал нивниот бизнис интерес, на место интересот на државата…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ се длабоко загрижени и го осудуваат нападот на редакцијата на порталот „Инфомакс

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост и го осудува насилниот инцидент што се случи во редакцијата на…

December 11, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори

Јас сум реален оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ќе биде апсолутен победник на локалните избори…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?