Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
ПОЛИТИКА

Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет

Објавено March 12, 2025 14:12
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од страна на ДУИ да продолжат со несмален интензитет.

Според Мицкоски, на ДУИ и е најмалку дојдено до јазикот или уставните судии, таа, како што рече, е исплашена за својот „криминално стекнат капитал и за основаните сомневања за криминалот што се случувал изминатите години“.

Тие не се навикнати да бидат подолго време во опозиција. Кога се малку во опозиција веднаш има одговорност и излегуваат на површина сите активности за кои постои основано сомневање, а кои се поврзани со криминал и криминалци, да ги дознае македонската јавност и затоа се уплашени. Најмалку им е дојдено до јазикот и до уставните судии. Тие се исплашени за својот криминално стекнат капитал и за основаните сомневања за криминалот што се случувал изминатите години, посебно последните две години, бидејќи на оној дивјачки, криминален начин како што го сменија Кривичниот законик, за жал, се амнестираа за криминалот од минатото и за жал, тука ние ништо не можеме. Дури и сега иницијативата што ја покренаа пред Уставниот суд, пред нивните уставни судии што тие ги бираа, дури и под услов Уставниот суд да рече дека ќе падне тој Кривичен законик, тие сепак се амнестирани за криминалите што ги правеа пред четири, пет, шест години, истакна премиерот, одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавата на ДУИ за интерпелација на уставните судии.

Како што оцени Мицкоски, кога се во прашање ДУИ, најмалку се работи за некакви права.

– Најмалку станува збор за какви било права, тие се исплашени за своите хациенди, скапите луксузни возила, трговските центри, дуќаните, за основаното сомневање за криминалот во ФИТР, во Министерството за економија,…, рече претседателот на Владата, кој денеска беше на поставувањето камен – темелник на македонско – грчкиот граничен премин „Маркова Нога“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Нема да има македонски војници на украинско тло
Следна Статија Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мециновиќ: 30 години имаме ароганција од најнеспособните луѓе

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција истакна дека ако се случи тој да…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Градскиот парк ќе стане модерна зелена оаза на Скопје (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави проект за ревитализација на Градскиот парк, со цел да се создаде…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ за новиот член на Регулаторна: Господ нека ѝ е на помош на Македонија кога Туневски ќе ја води енергетската политика

Двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика се незаконски разрешени. Тие беа разрешени пред неколку месеци спротивно на Законот за…

April 8, 2025
ПОЛИТИКА

Села: 27 април е денот кога за првпат беше избран Албанец за претседател на Собрание

Горди сме што денеска по осум години може да кажеме дека 27 април беше катализатор за нови промени кои што…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?